За ова се поднесуваат оставки, сега и одма

23.02.2021 08:29
За ова се поднесуваат оставки, сега и одма

Му броевме фирми, му броевме милиони, неговото име никаде на хартија а сепак насекаде, од тука преку Прага до Монако. Цртавме шеми, 15 години уназад, додека тој на дланка не имаше сите, а потоа и се испазари, ама и се заклучи во „Мериот“ како кукавица. Така и избега. Тој и тројца други. Не било кои, туку бивш премиер и ексразузнавачи. Едниот раскомотен во Будимпешта, вториот во Атина, третиот во Солун.

Миле во притвор.

Ни плукнаа на сите во лице.

Тие и оваа власт која залудно го оформи СЈО. Ни потрошивте време, нерви, наши пари, ни дадовте надеж дека е можно некогаш некој да одговара пред правдата а да не е само секретарот кој се вакцинирал преку ред, а потоа повторно ни се исмејавте пребарувајќи по гепеци пред камери.

Ова не смее да ви помине.

За ова се поднесуваат оставки, сега и одма. Без никаков обид за релативизација. Дали ги пуштивте или сами избегале, не е веќе релевантно, и едното и другото докажуваат апсолутна неспособност да се решат работите.

Слики: Графичко студио Кома

Потсетување на дел од „бомбите“