Инуитска картографија

04.05.2021 13:23
Инуитска картографија


Инуитите во Гренланд се познати по тоа што тоа што резбале мали тактилни мапи изработени од дрво што ги користеле за навигација при пловење околу островите. Овие парчиња дрво, доволно мали за во џеб, ги претставуваат контурите на бреговите во континуирана линија. Тие се компактни, не можат да потонат во вода, и може да се читаат во мрак.

Овие три дрвени мапи го покажуваат патот околу источниот брег на Гренлад, од Сермилигак до Кандертитиватциаг. Мапата десно ја претставува низата острови долж брегот, а другата мапа во средината го претставува главното копното и се чита чита започнувајќи од едната страна на парчето па околу преку другата. Овие две мапи се надополнуваат една со друга. Мапата лево го прикажува еден од полуостровите.

Освен крајбрежната линија, на нив се изрезбани и информации за бреговите, долините, местата каде патникот треба да го носи кајакот преку копно за да стигне до следниот фјорд.

Во 1880-ите, Густав Холм водел истражувачка експедиција до брегот Амасалик во источен Гренланд. Таму запознал неколкумина Тунумити, припадници на инуитските заедници во источен Гренланд, кои немале претходен директен контакт со Европјани. Тој се вратил во Данска со овие три тродимензионални дрвени мапи од брегот кои ги купил од еден домородец.

По враќањето Холм ги подарил мапите во Националниот Музеј во Копенхаген. Единствениот друг пример на вакви мапи е примерокот во Државниот универзитет во Мичиген, кој веројатно претставува копија на оригиналните дела. Некои научници сметаат дека тие не се користеле за практична навигација, туку како алатки за раскажување и пренесување информации и оттаму се одраз на инуитскиот специфичен поглед на свет. 

Превод: Ф.К.

Извор:
The Decolonial Atlas