Отворен повик: Едиција Emerging Concepts 2021

07.05.2021 12:20
Отворен повик: Едиција Emerging Concepts 2021

ОТВОРЕН ПОВИК: Едиција Emerging Concepts

Едиција EMERGING CONCEPTS - Повик за предлог-проекти 2021

5 мај - 5 јули 2021 година

Учеството на повикот е бесплатно.

Полиња на интерес за 2021:

Повикот е првенствено отворен за куратори, историчари на уметност и уметници заинтересирани за кураторско и интердисциплинарно истражување, насочено кон односот помеѓу уметноста и социјалните реалности. Проектите може да се индивидуални, колаборативни или уреднички.
Со овој повик покануваме проекти кои истражуваат како уметноста може да ги вклучи луѓето и заедниците во дијалог за да ја преиспитаат социјалната и политичката реалност што ги засега. Ги охрабруваме проектите кои се засноваат на уметност и/или теоретски-практична методологија при истражување на прашања од важност за различни заедници. Посебен акцент е ставен на истражувачкиот процес кој треба да биде воден од директно набљудување и вклученост на предизвиците со кои се соочуваат тие заедници. Со мобилизирање на капацитетите и потенцијалите на уметноста и културата за решавање на социјално релевантни теми, вклучително, но не ограничувајќи се на човековите права, еколошките прашања, миграцијата и бегалците, новата нормалност, дигитализацијата и креативните индустрии, проектот треба да се стреми кон постигнување на широко општествено влијание.

PrivatePrint е издавачка куќа за уметнички книги и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност и графичкиот дизајн, од Скопје, Северна Македонија. Почнувајќи од 2016 година, нашата работа е посветена на уредување, создавање и поддршка на уметнички книги, уметнички и кураторски истражувачки проекти, уметнички текстови и сродни публикации. Врз основа на премисата дека уметноста и издаваштвото се совршениот спој кога станува збор зa демократизацијата на културата, нашата мисија е да ги прошири идеите на уметноста и да овозможи нивна поголема достапност. Основачи и главни уредници на PrivatePrint се Марија Христова и Илија Прокопиев.

EMERGING CONCEPTS е едиција на PrivatePrint која има цел да создаде библиотека составена од публикации кои се засноваат на уметнички интерпретации и пристап на актуелните и битни општествени, културни и политички теми. Оваа едиција ќе поддржи предлог-проекти кои подразбираат истражувања од теориската практика, критички и интердисциплинарни проекти, кои користат визуелни, графички, документарни или текстуални материјали. Без оглед на медиумот на израз, важно е приодот на предложените проекти кон темите од интерес на отворениот повик да биде експериментален. Едицијата нема да поддржи фикција (роман, расказ, поезија), ниту пак чисто академски дела. 

Задолжителни документи (на англиски јазик) за учество на отворениот повик:
- Предлог-проект (не подолг од 2 страници) - колаборативни предлози исто така можат да учествуваат
- Извештај за статусот на проектот во моментот на аплицирањето, кој ќе го вклучи и првичните временски рамки за негово завршување (не подолг од 1 страница)
- ПДФ документ со презентација на предложеното дело (првична нефинална верзија, извадок или визуелен прилог)
- Професионална биографија (ПДФ документ или веб страница)

Развој на проектот и временски рамки:
Предлог-проектите треба да бидат во понапредна фаза од идејната и да бидат замислени да се објават како книга. Откако ќе заврши селекцијата, процесот на работа продолжува во соработка со главниот уредник на PrivatePrint. Јазикот, како и објавувањето на сите материјали во врска со книгата и самата книга е - англиски (и е предмет на договор помеѓу уредникот и авторот). 

Публикацијата ќе биде издадена во текот 2022/23 година.

Поддршка:
Од пристигнатите предлог-проекти ќе бидат одорбени најмногу два и ќе бидат објавени како изданија на PrivatePrint. Трошоците за печатење на публикациите ќе бидат целосно покриени од PrivatePrint, како и работата на графичкото обликување на публикацијата. Исто така, целосно организирани од PrivatePrint ќе бидат и промотивниот настан во студиото PrivatePrint, промотивните активности на саеми за уметнички книги, како и дистрибуцијата на книгата. 

Авторот/ите ќе добијат хонорар од вкупно 10% од изданието.

Испратете ја вашата ПРИЈАВА (и прашањата) на:
Е-адреса: info@privateprint.mk
Наслов на пораката: EMERGING CONCEPTS EDITION.

Пријавите испратени по крајниот рок 5 јули 2021 нема да бидат разгледувани.

Слични содржини

Култура / Уметност
Култура / Уметност / Око
Култура / Уметност
Култура / Уметност / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото