Државна диетологија

16.07.2021 17:10

источногерманската штази
вака ги излудувала луѓето
кога тие излегувале од дома
агентите се завлекувале внатре
ништо не кршеле
ништо не расипувале
едноставно од место на место ги преместувале
малецките мошне лични работи
фигурички фотографии книги
тоа траело со месеци

понекогаш кога мрачни животни се тепаат околу храна
тие голтаат брзо колку што можат
а потоа повраќаат
за подоцна на мир да ги изедат
нечиите малецки мошне лични работи
фигурички
фотографии
книги

Превод: П. В.

 

ОкоБоли главаВицФото