1006 hPa
40 %

28 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 21:59
И сè е црно во денот
и сè е црвено во етерот
изгубени
неми исплашени
случајни минувачи
и сè е црно во денот
и сè е црвено во етерот
по калдрмата и
на високиот тротоар
зататнет со тежок
половен ѕевгар
и сè е црно во денот
и сè е црвено во етерот
зли пци
лаат или молчат
апат со беснилна
плунка
и сè е црно во денот
и сè е црвено во етерот
насетувам
само момент
само трепнеж
мигновен миг
и сè е црно во денот
и сè е црвено во етерот
чад
спарен застоен
воздух
воз-
дух
и сè е црно во денот
и сè е црвено во етерот
потен жежок
соларен ден во
Ск.