Карикатури за интровертни љубители на кучиња

25.11.21 15:56

Карикатурите во кои најчесто главни ликови се кучињата се потпишани со псевдонимот „Indie the introvert“, иако  авторка е уметницата Ширин Тада (Sirin Thada), која живее и работи во Бруклин, САД, а по потекло е од Тајланд. Сепак, на нејзините лични профили на социјалните мрежи ги нема овие карикатури, туку сe прикажани други дела.

Ширин завршила право и новинарство на Универзитетот Колумбија во Њујорк, работела како адвокатка, но решила да ја напушти таа професија и да се посвети на ликовната уметност.

„Извини, памтам имиња само на луѓе.“

„Да тој е пријателски расположен. Но јас не сум.“

„Сега работам од дома секој ден, мислам дека премногу им зборував на растенијата.“

„Жалам, но вашиот емоционален багаж ги надминува дозволените тежина и мерки.“

„Остави го!“

„Престанав да чекам да бидам спасен и одлучив да бидам свој херој.“

Извор: indietheintrovert.com

ОкоБоли главаВицФото