Илустрациите на Волтер Молино

14.06.21 12:14

Волтер Молино (Walter Molino, 1915 – 1997) е италијански карикатурист и илустратор. 

Како илустратор и карикатурист, Молио започнал да работи во 1935 година, соработувајќи со весникот „Ил Пополо д’Италија“ и детските списанија „Ил Монело“ и „Л’Интрепидо“. Во 1936 година почнал да соработува со сатиричното списание „Бертолдо“, а во 1938 година дебитира како стрип автор со серијалот „Virus, il mago della Foresta Morta“ (Вирус, волшебникот на мртвата шума), со текстови на Федерико Педрочи, со кој ја создал и стрип-серијата „Смелиот капетан“ за списанието „L'Audace“, потоа „Белата маска“ и низа други ликови. 

Од 1941 година, Молино станал официјален илустратор на „Доменика дел Кориере“, наследувајќи го Ахил Белтрам. Тој исто така соработувал со женското списание „Гранд хотел“, како илустратор на кориците на женските стрип романи “cineromanzi" генерално со романтичен или мелодраматичен жанр, чии комични ликови личеле на познати филмски актери. 

Во 2020 година, неговата илустрација за возило „Синголета“ од напис објавен во декември 1962 година во „Ла Доменика дел Кориере“ стана популарна, бидејќи личеше на решение за социјалното дистанцирање.

Извор: pinterest.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото