Надреалните илустрации на Карлота Фрајер

13.01.23 12:24

Илустраторката од Бруклин, Карлота Фрајер, ги акцентира различните аспекти на секојдневното преку енергични, надреални композиции.

Често работејќи по нарачка за поголеми едиторијали и рекламнни проекти, Карлота при изработката на своите илустрации најчесто тргнува од одредено расположение, наратив или убедлив факт кои се развиваат во живописни сцени, слични на сцените од соништата со надреални елементи.

Во нејзините илустрации, Карлота си игра со размерот и перспективата понекогаш поставувајќи ги луѓето покрај огромни цвеќиња или животни, или користи пејзажи за да ја потекцира ситната природа на луѓето во споредба со пространоста на светот.

Извор: Colossal

Слични содржини

Уметност / Око / Историја
Стрип / Култура / Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Квир / Книжевност / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото