Украинците брзаат да го заштитат културното наследство од нападите

18.03.2022 16:04
Украинците брзаат да ги заштити спомениците од руските напади

Статуи завиткани во заштитни материјали во стариот кварт на Лавов во западна Украина. Официјалните лица преземаат мерки на претпазливост за да ги заштитат статуите од уништување во руските напади. 

Дрвена црква од 19 век срамнета со земја во северна Украина. Гранатиран народен музеј. Уништена библиотека со ретки книги. Долга е листата на украински локации оштетени од руските напади.

„Го посветив мојот живот на заштита на овие споменици“, вели Лилија Онишенко, директорката на одделот за заштита на историјата во Лавов, најголемиот град во западна Украина.

Стариот кварт на Лавов е дел од светското наследство на УНЕСКО. Делови од него датираат од 5 век. Речиси на секоја улица има црква и архитектура од средновековниот и ренесансниот период.

Поставени скелиња за работниците да можат да го покријат дрвениот олтар во вековната ерменска катедрала во Лавов. 

Во дворот на ерменската црква, тимот на Онишенко поставува скелиња околу џиновскиот барокен олтар.

„Исус за момент се пресели! Исус си замина“, вели потиштено Александар Ручко. Ручко порано бил туристички водич во Лавов. Сега тој помага да се расклопат и сокријат сите артефакти за кои им кажувал на туристите.

Статуите на Исус Христос се симнати од крстовите низ градот. Сликите се отстранети од ѕидовите на музејот. Сите тие се скриени да се зачуваат безбедни на тајни подземни локации.

Виталиј Кулик порано ја водел туристичката канцеларија во Лавов. Сега тој простор е центар за дочекување воени евакуанти. Кулик работи 12-часовни денови, шета по улиците на Лавов и прави забелешки за металните статуи на градските плоштади - Нептун со трозабецот, украинскиот поет Тарас Шевченко со крената рака - обидувајќи се да открие каков ефект би можеле руските бомби да имаат врз нив.

„Обично, бомбите предизвикуваат висока температура, а тоа пали сè наоколу“, објаснува Кулик. Тој е загрижен дека ценетите статуи на Лавов би можеле да се стопат ако бидат бомбардирани од Русите.

Така, неговиот тим набави огноотпорен материјал и ги завитка статуите - токму на нивните постаменти.

Статуа завиткана и заштитена со скелиња во стариот кварт на Лавов, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО. Рајан Келман/NPR

Во меѓувреме, во римокатоличката катедрала во Лавов, кран ги крева работниците до високите витражи, за да ги покријат со иверица и со алуминиум.

Тоа се области кои ја преживеале окупацијата од нацистите и од советите. Линиите на фронтот во Втората светска војна се движеа напред-назад низ Лавов.

Кулик се надева дека тоа нема да биде случај во оваа војна.

„Нашата армија напредува многу добро, па мислам дека Русите нема да стигнат овде“, вели тој. „Но, имам украинска изрека: ‘Очекувај подобро, но биди подготвен за најлошото’.

Кран ги крева работниците за да можат да ги заштитат витражите на римокатоличката катедрала во Лавов. 

Статуа на Исус Христос, подоцна завиткана во заштитни материјали, стои пред ерменската катедрала во Лавов, која датира од 1300-тите.

Материјали што ќе се користат за завиткување на олтарот во ерменската катедрала во Лавов. 

Работници ги покриваат прозорците од надворешната страна на ерменската катедрала во градот со заштитна жица. 

Има црква на речиси секоја улица во стариот кварт на Лавов, а голем дел од архитектурата преживеала уште од средновековниот и ренесансниот период.

Статуите се обвиткани во огноотпорен материјал со надеж дека ќе ја издржат топлината од руските бомби.

Слики: Клер Харбиџ/NPR
Извор:
NPR