Незаборавна вечер во чест на Оливера Николова

31.03.22 23:11

На 30 март 2022 година во фоајето на Националната опера и балет во Скопје се одржа промоција на десет тома со 12 книги на нашата култна писателка Оливера Николова. Настанот го организираше книгоиздателството Арс Ламина, кое ги објави следниве книги: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке…“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).

На промоцијата се обратија авторите на поговорите, а настанот прецизно и ненаметливо го модерираше Оливера Ќорвезироска, уредничка на едицијата и одличен познавач на целокупниот комплексен опус на Николова.

На крајот на прекрасната вечер, полна со многу емоции, почит и благодарност, се обрати и ѕвездата не вечерта (и не само на вечерта, сјајната прва дама на македонската книжевност), Оливера Николова. Овде можете да го прочитате нејзиното обраќање.

Фотографиите во продолжение ги направи Маја Аргакиева.

 

ОкоБоли главаВицФото