Гоблени од цртани филмови

25.07.22 15:05

Од Looney Tunes и Mickey Mouse до The Simpsons, цртаните филмови имаат долга историја на прикажување на најсмешните и најхаотичните моменти и нивно драматизирање во апсурд. Анимираните ликови и нивните откачени шеги длабоко се вкоренети во нашиот хумор. Сепак, како што препознава уметникот Питер Фредериксен, тие имаат и помрачна страна. „Насилството е најкраткиот пат за конфликтите и стравовите“, вели тој, истакнувајќи дека многу иконични цртани филмови биле создадени по војната или биле создадени во време кога „насилството уште беше во етерот“. „Не ставам оружје во моите везови зашто сакам пиштоли. Ставам пиштоли во гоблените зашто тие се симболи за ескалација и претеран одговор. Тие се слика на вознемиреност и страв.“

Фредериксен последниве години ги преработува геговите и борбите од овие класични анимирани сцени и ја зачувува нивната краткотрајност во своите густи плетки. Тој ги претставува ножовите кои пробиваат затворена врата, врзаните чаршафи кои паѓаат од прозорец и рацете што се преплетуваат во јазли обидувавајќи се да свират на пијано. Прецизно машински извезени, делата, во бојата и стилот, се верни на нивниот извор.

Разликата е во тоа што Фредериксен им дава сосема нов контекст на тие иконички слики, отсекувајќи ги од нивниот „природен амбиент“. „Ми се допаѓа застрашувачката енергија на тие слики, нивната иконичност и кинетичност. Везејќи ги, како одново да ги оживувам, како да се случуваат пак, но во еден помек медиум.“

Performance Anxiety

Set Up For Failure

Won't Hold Forever

You Don't Need A Reason

Some Time Outside

It’s Exactly As Bad As You Think

All My Suspicions Confirmed

What Have I Done?

 

Извор: this is colossal

ОкоБоли главаВицФото