Гнездата на друштвените птици-ткајачи

14.11.22 13:11

Пустината Калахари на југот на Африка е дом на друштвените птици ткајачи (Philetairus socius). Вредните африкански птици од фамилијата врапчиња се карактеристични по тоа што прават огромни гнезда, изградени од стапови, трева и памук, кои често се дом и на неколку други видови птици. Јужноафриканскиот пигмејски сокол е една од птиците кои редовно живеат во гнездата на африканските ткајачи кои често собираат и над 100 птици во исто време.

Интересно е што овие птици преплетуваат трева, создавајќи структура која им нуди сигурен дом, користејќи ги сите основни плетки кои луѓето ги користат во изработка на ткаени материјали.

Друштвени птици ткајачи (Philetairus socius)

Извор: Colossal

Слични содржини

Екологија / Живот / Око
Свет / Екологија
Фотографија / Екологија / Око
Свет / Екологија / Око
Наука / Екологија / Живот
Фотографија / Екологија / Живот / Уживање

ОкоБоли главаВицФото