Спас од сите нив треба да се бара

12.09.2022 09:24

За Илинден сите во Крушево, Христијан Мицкоски во Ташмаруништа. За 8 Септември сите во Скопје, тој избега во Смилево. Што ќе прави кога ќе стане премиер на држава во која стана нормално опозицијата да си прави посебни прослави за најголемите државни празници? Секој со својата банда на плоштадите во освоените општини. Две музики нека се свират. Две знамиња нека се вејат. Нека се мразат луѓето меѓусебно. Инсистирањето на продлабочување на поделбите нема никаква логика за некој што сака да стане премиер, освен ако Мицкоски не е убеден дека колку повеќе луѓето се мразат, толку повеќе него ќе го засакаат.

Така што, ако алтернативата за неспособноста на СДСМ и самоволието на ДУИ е ова ВМРО-ДПМНЕ засилено со Левица, тогаш црно ни се пишува. Спас од сите нив треба да се бара.

Горан Михајловски, СДК, 09.09.22.