„Ндаку, животот е убав“

07.12.22 14:59

Kреативци и уметници во Киншаса, Демократска Република Конго, се здружиja за да најдат модерно решение и да се спротивстават на недостатокот на соодветен начин на рециклирање на пластиката и отпадот кои се натрупуваат во нивната земја. Фотографот и репортер, Стефан Гладје, ги доловува ефектите и последиците од климатските промени што ги доживува локалното население, а се резултат на консумеристичката култура.

Уметничкиот колектив „Ндаку, животот е убав“, е основан од визуелниот и перформанс уметник Еди Екет, а нивното дело го сочинуваат фрлени мобилни телефони, пластика, тапи, синтетичка пена, цевки, ткаенини, електрични кабли, шприцови, кутии за капсули, делови за автомобили, лименки , и други видови на ѓубре кои се споени во костуми, оклопи и други видови покривки за цело тело, алудирајќи на итноста за решавање на проблемот со кој се соочуваат земјите во развој.

Извор: Design Boom

Слични содржини

Активизам / Екологија / Уметност / Око
Активизам / Екологија / Уметност / Настан
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око

ОкоБоли главаВицФото