Сеќавање на мојот мачор Домино (1951‒1966)

28.12.2022 12:53

Станувајќи взори да мочам, помислив дека те видов
Склопчан на фотелјата со главата издигната да ме погледнеш
Како што обично правеше во тоа време. Но следниот миг,
Посвикнат на мракот, тука имаше само шише
И крпа за лице. Доволно време сепак
Љубовната одговорност да премине
На мене.
Особениот карактер на мртвиот
Извор е на нашето чувство за жалост и загуба;
Така, враќајќи се во постелата, одбивав да се сетам
На она што знаев дека ми е недопрено во свеста:
твојот живот целосно окупиран со мојата грижа.
Не можев да сфатам дека си мртов, туку само
Дека си заминал пред мене во светот кој ни праќа
Сè помалку навестувања за своите суштества ‒
Несомнено зашто тие нè наоѓаат на крајот
Патетични, достојни за почит, но малку важни.
Колку и долго да бевме заедно, никогаш
Не помислив дека можам да скончам веднаш по тебе.
Дури и кога од присното крзно во моите раце
Се издигна болеснички бран од барбитурати,
Помислив дека самиот патувам ‒
Но кога погледнав зад себе, остана само празнина,
Твоите правливи лекови и мојот портрет
Со тебе: тажен начин на живот од кој ти беше побрз.

Превод: П. В.

Рој Фулер (Roy Fuller, 1912-1991), англиски поет и писател. Предавал поезија на Оксфорд. Еден период бил раководител на BBC и член на Уметничкиот совет на Велика Британија. Објавил речиси 30 стихозбирки, осум романи, повеќе книги за деца, мемоари...

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото