Кој беше Пеле и кој сè го „ограби“?

30.12.2022 14:18
Кој беше Пеле и кој сè го „ограби“?

Големиот бразилски поет Carlos Drummond de Andrade еднаш напиша: „Не е тешко да дадеш илјада голови како Пеле - тешко е да дадеш еден гол како Пеле“.


Во четвртокот вечерта нè напушти еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Едсон Арантес до Насименто Пеле. 

Во својата 21-годишна кариера постигна 1283 голови станувајќи една од глобалните икони на 20 век. Понекогаш наречен „Перола Негра“ (Црн бисер), стана бразилски национален херој. Но, зошто Пеле беше посебен?

Имаше сè што може да има еден офанзивен играч, игра со две нозе, прекрасен дриблер, брз, итар, непредвидлив, сјаен асистент и феноменален во играта со глава. 

Помеѓу 1956. i 1977. година освои и пет титули на светски првак - две со својот клуб Сантос и три за репрезентацијата на Бразил.

Светскиот, но главно францускиот печат го нарекуваше Крал: Кралот Пеле. Во 1980 францускиот спортски дневник L'Équipe му ја додели титулата на спортист на векот.

Едноставно, Пеле беше човек пред своето време. За неговите потези зборуваа генерации, а другите фудбалери се обидоа да го копираат. Рабоната на Нејмар - Пеле го направи тоа прв. Свртувањето на Кројф - Пеле го направи тоа прв. Дриблингот на Зидан - Пеле го направи тоа прв...

 

 

Подготвил: Алек Кузмановски