Перформанс „Веснa и Власта, кон достоинството (на стареењето)”

14.12.2023 13:50
Перформанс „Веснa и Власта, кон достоинството (на стареењето)”

На 16 декември, во 19 часот, на Академска сцена на Факултет за Драмски Уметности (ФДУ) – Скопје, како дел од програмата на АКТО 18, ќе се одржи перформансот „Веснa и Власта, кон достоинството (на стареењето)” на уметничките Власта Делимар и Весна Стилиновиќ.

Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не сакаат да бидат едно, тие сакаат да бидат две.

Весна има 78 години, а Власта 67. Весна е актерка а Власта е изведувачка. Весна и Власта одлучија нивното стареење да биде успешно, активно и здраво стареење, бидејќи старењеето не значи пропаѓање, туку зголемување на сопствениот потенцијал. Затоа, да се старее значи да се расте.

Современата геронтологија на различни начини се обидува да ја подигне свеста за стигмата на општеството кон стареењето и старите личности и ни нуди различни можности за подобрување на начините на живот.

Фотографиите на Весна Стилиновиќ се приказ на трансформацијата низ која таа во својата актерска кариера често станувала некој друг. Меѓутоа, нејзиниот нов простор на нова егзистенција ѝ „подарил“ нов простор за слобода што некако ја довел во примарната форма на духот, во исконскиот живот што го придвижува нејзиното битие при најмало навестување на движење.

Исконскиот живот ја сака темнината, а примарното својство на генијалниот живот е упорната еластичност што Весна успева да ја задржи во последната трансформација бидејќи, пред сѐ, сака само едно нешто, а тоа е да биде.

Фото-видео сликите на Власта Делимар како место за сеќавањата и сопствената митологија на секојдневието низ неизбежностите на егзистенцијата како што се сексуалноста и еротиката, се пат до врвот на спознавањето и достоинственото стареење. Бидејќи не смееме да го заборавиме Правото на оргазам и над 60 години.

Освојување на просторот, освојување на времето

„...изведбениот проект е резултат на пријателството и соработката на две уметнички - Весна Стилиновиќ и Власта Делимар. Весна и Власта го избираат стареењето како тема на нивната соработка. Како и многу други природни, неизбежни биолошки факти, оваа животна возраст е социјално и економски стигматизирана и маргинализирана. Културата на младоста, брзината и напредокот тешко ја прифаќа неизбежноста на промените и ја отфрла природноста на животните циклуси. Овие жени, уметнички, се среќаваат и се соочуваат со стареењето од лична перспектива, доведувајќи го во прашање сопствениот живот, работа, но и емоционалните и психолошките позиции во кои моментално се наоѓаат. На овој начин, оваа претстава станува документ за времето, моментот, личноста и стигмата, но и извртување на парадигмата што го дефинира стареењето како нешто непожелно - со својата неумоливост - скандалозно, срамно, означувајќи го самиот факт на постоењето со тешко-сварливата болка што ја наследуваме со доаѓањето во светот. Несовршеноста, несоодветноста на животот, тиранијата на телото што нѐ прави само една етапа во времето и просторот, секогаш во потрага по подобри, потрајни и посвети модалитети на измисленото јас”.

-Јосипа Бубаш, перформативна уметничка