Поетски перформанс за движењето и сексуалноста во Кино Култура

04.06.2019 01:39
Поетски перформанс за движењето и сексуалноста во Кино Култура

Локомотива- Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата во рамките на програмата „Уметност, Политика, Институција, Тело“, на 4 јуни во 19.30, во Кино Култура организира перфроманс „Rhymes of pleasure“ и разговор на тема „Poetic variations“ со Nefeli Oikonomou (GR/SE) и SEERma (Ивана Харикли).

„Rhymes of Pleasure“ (RoP) е поетски перфроманс кој ги поврзува артикулацијата, движењето и сексуалноста, ставајќи ги во ненормативни односи.

Поместувањето помеѓу користење на рими како звук, како материјал, како загатката и како дијалог создава ситуации за телото да ги прошири своите модули на ко-егзистирање.
RoP предлага кореографии во кои нашите сопствени рими, се движат и победуваат транзитно во соработка, создавајќи уникатна мешавина помеѓу слем поезија, страсен џубокс и перформанс концерт.

RoP ги разгледува различните начини на читање, создавање и изведување на поезија, што сугерира кореографија како средство за трансформирање на политиката на телото. Пост-концептуално патување со нови предлози за поетско танцување.

"Сексуалните револуции не се завршени, сè уште постои простор за утопии, сон на еден квир свет што размислува и опфаќа нови начини на справување со сопственото тело и околината". (Anna Ångström, Svd newspaper, for
Rhymes of Pleasure)

Кореографија / концепт: Нефели Оиконому,
Изведувааат: Александар Георгиев, Себастијан Лингсериус и Нефели Оиконому
(текст: Александра Георгиев, Мира Мутка и Нефели Оиконому)
Светло консултантски: Себастијан Лингсериус, Музички и звучен пејзаж: самопроизведен материјал од изведувачите,
Филмска документација: Александра Сенде,
Техничка поддршка: Фредрик Валхледт,
Копродукција: Завар
Со поддршка на: Стокхолм Стад, Култураред turnébidrag), Konstnärsnämnden (меѓународна размена) и Weld. Куратор на програмата е Биљана Тануровска Ќулавковски.