Трето издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“

22.01.2020 15:04
Трето издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“

Од 24 до 26 јануари во „Кино култура“ ќе се одржи третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“, во организација на издавачката куќа Бегемот.

„ArtArea“ цели кон воспоставување жива платформа за поврзување и дијалог меѓу авторите во различните културни домени и тенденции, спојувајќи ги во богата културна програма за време на три фестивалски дена.

„Истовремено, програмата сака да овозможи средба и спојување на сегментираната публика што ја генерираат прилично атомизираните области на културата. Во таа смисла, фестивалската заложба е да се обогати, но и да се преиспита значењето на современите културни практики. Со ова, проектот како свои клучни приоритети ги поставува културната интегративност и творечката интермедијалност, кои се покажуваат како нужни предуслови за развивање новаторска, богата и добро вмрежена култура“, велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Програма:

ПЕТОК, 24 ЈАНУАРИ

19:00 – Почеток на фестивалот. Постојани изложби на фотографија (Ѕвонко Плавевски „Skopje Street Life“) и илустрација (Владимир Лукаш)
19:30 – Промоција на романот „Пропаст“ од Владимир Зарев (Бугарија). Промотор: Оливера Ќорвезироска
20:30 – Книжевни муабети: промоција на романот „Девет приказни за госпоѓа Сит“ од Билјана Црвенковска; промоторки: Калина Малеска и Фросина Пармаковска
22:00 – Џез концерт на Шамба трио

САБОТА, 25 ЈАНУАРИ

19:00 – Кинопроекција
– „Кружното патување со Жарко Иванов“, режија: Жарко Иванов, сценарио: Жарко Иванов и Александар Прокопиев
– „Славко од нашата улица“, видео-есеј на Наум Пановски (Година на Славко Јаневски)
20:30 – Правда за кратката проза (Ѓорѓи Крстевски, Виолета Бојковска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски) Модератор: Иван Шопов
22:00 – Концерт на ВИС Тркалезна маса (поетско-музички перформанс)

НЕДЕЛА, 26 ЈАНУАРИ

19:00 – Креативна работилница за деца „Добредојдовте во Страшкоград" сo Билјана Црвенковска и Нита Муча
20:30 – Наш мал театар (Театар на сенки)
– „Заробената љубов“
– „Марко патува околу светот“

* Саемот на книгата е отворен секој ден од 18:00 ч.
* Влез: бесплатен

Организатор: Бегемот
Покровител: Град Скопје
Партнер: Кино Култура
Спонзор: Печатница Графоден
Издавачи: Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Слово, Табахон, ПНВ публикации, Гаврош, Чудна шума, Антолог

 

ОкоБоли главаВицФото