Кога зградите би зборувале

24.11.2018 14:10
Кога зградите би зборувале

На 25 ноември (недела), со почеток во 12:00 часот, во Железничката зграда во Скопје на ул. „Борка Талески, бр. 26 ќе се изведе перформансот „Кога зградите би зборувале“. Настанот се организира во соработка со Заедницата на станари на станбени згради. Перформансот „Кога зградите би зборувале” е дел од проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ кој го имплементира Факултет за работи што не се учат, поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество, а е во рамки на годишната програма за култура на Град Скопје.

Во центарот на овој проект е Железничка зграда во Скопје, изградена кон крајот на 40-тите години од минатиот век, пример за социјално живеење, од типот на периметарски блок кој врамува двор и кино сала. Идејата на перформансот е да ги разоткрие деликатните, скриени траги од бришењето на колективната меморија на локалната историја, сето тоа прикажано преку конкретен пример на урбан простор кој е значајно обележје во градот.

„Кога зградите би зборувале“ е продолжување на процесот на првата фаза од истражувачкиот проект кој премиерно беше изведен минатата година во рамки на Младинскиот Отворен Театар и на ПОП АП АКТО АКЦИЈА фестивалот за современа уметност. Во оваа, втора фаза на проектот, Факултетот за работи што не се учат, продолжува преку различни партиципативни методи, да соработува активно со станарите и поширокиот граѓански сектор во анимирање на овој јавен напуштен простор.

Проектот е мултидисциплинарен и подразбира истражувачки процес обликуван во форма на перформанс на уметникот Филип Јовановски во соработка со архитектот истражувач Дејан Ивановски и куриран од Ивана Васева. Во правата фаза на проектот, тој беше изведен од актерите: Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева, Долорес Поповиќ, Ивана Павлаковиќ, Тамара Ристоска и Благоја Веселинов.

Важна напомена: Овој перформанс може да биде проследен само од 36 лица присутни како публика. Ги замолуваме сите заинтересирани да се обратат на организаторот преку organizationfru@gmail.com.

 

ОкоБоли главаВицФото