„Скомрахи” на ФДУ: Силиконски фази vs. човечки срца

10.11.2023 14:00
„Скомрахи” на ФДУ: Силиконски фази vs. човечки срца

 

„Скомрахи” е меѓународна средба на студенти од драмските академии од Балканот и пошироко. Повеќе од три децении фестивалот Скомрахи ги собира студентите од Балканот и Европа на едно место за да ги разменат своите искуства од театарскиот и филмскиот свет.

Оваа година на „Скомрахи” се прикажаа 25 филмови и се одиграа 8 театарски претстави. Пет дена во кампусот на ФДУ во Скопје се одржаа многу работилници, изложби, предавања…

„Идејата е да се прикаже разноликоста што ја нуди уметникот, наспроти вештачката интелигенција која сѐ уште го нема капацитетот да го замени човекот“, изјавуваат организаторите.

„Оваа година за фестивалот„Скомрахи”, освен тоа што темата е изработена со помош на вештачка интелигенција, сѐ друго е направено без неа. Не е користена ниту една друга вештачка алатка во текот на подготовките на овие средби, со што се покажува дека во суштина на човекот не му е потртебно ништо дополнително“, додаваат оттаму.

Годинава имавме претстави од различен карактер – од испитни вежби по режија, до монодрама, корео-драма, испитни вежби по актерска игра од различни години, различен пристап – од класичен театар, до постмодерен театар и физички театар“, велат студентите.

Традицијата што овие средби ја чуваат на сцена од 1988 година е да се негува идентитетот на разменување искуства меѓу студентите, што прави да се разликува од околните фестивали на кои се доделуваат награди.
Факултетот за драмски уметности Скопје е еден од ретките на Балканот со ваков фестивал посветен на студентската креативност.

Извор:https://trn.mk/