Боли глава

Заблудило

Насерението симболедува од идентитетанус, но владее заблудило дека станува збор за обична навистинка. На пазарот се нудат заразлични вакцени, а задолжителите на државата се амбалажат со крадити по заебанките и се законвертираат по именувачниците.

Пропагандимитар, во расказ на „Окно“,

13.08 2010
Казна

Трагедијата на Парадата на љубовта во која загинаа 20 лица е божја казна, грев и повик на грев.

Андреас Лун, австриски бискуп кој тврди дека нема право да им суди на другите луѓе, но е убеден дека учеството на техноспектаклот Парада на љубовта е грев; Утрински весник, 12.08.10.

12.08 2010
Велепредавништво

Тој што ќе договори промена на името во име на народот ќе биде велепредавник и ќе си потпише казна доживотен затвор.

Александар Дамовски, менаџер во МПМ, на трибина; 05.08.10.

11.08 2010
Не може

Кога бев запрашан дали може некој од Фондот да има јавен настап, да објасни некоја реформа, тогаш јас кажав може, ќе ги контактирам А1 сметајќи во себе дека тоа е правилно бидејќи А1 е најгледана телевизија и ќе го договорам тоа и тогаш Мартин Мартиновски, портпарол на владата, се насмеа и рече: какво А1, таму ќе нè растурат, не може.

Дејан Гацов, бивш портпарол на Фондот за здравство; А1 ТВ, 08.08.10.

10.08 2010

Република Ма­ке­до­ни­ја го напушти етноцентристичкиот пристап во градењето на нацијата и соз­да­де услови за инкорпорирање на сите етнички групи во матицата на на­ци­ја­та. Дали тоа им се допаѓа некому или не, не знам, но за мене "Скоп­је 2014" е токму тоа. Материјална експресија на напуштањето на ет­но­цен­трис­тич­ки­от пристап.

Јован Донев, професор, „Вест“, 07.08.10.

09.08 2010
2
Глупави

Глупавите ционисти најмија платени убијци за да ме ликвидираат.

Махмуд Ахмадинеџад, претседателот на Иран по нападот врз неговиот конвој; Утрински весник, 06.08.10.

06.08 2010
Црево и вода

По нив чистам само со црево и вода, оти никој не ми донел средства за чистење. Некои граѓани ми бараат хартија, но кога ќе им кажам дека нема оти користењето на вецето е бесплатно, не се бунат. За среќа, не сум секој ден во тоалетите, работам на одржување на градското зеленило. Во тоалетот треба да има чувар маж, кој ќе се справи со сите деликвенти.

Петрунка Јовановска, чистачка на јавните скопски тоалети, вработена во „Паркови и зеленило“; „Дневник“, 04.08.10.

04.08 2010
Светото Тројство

Нејзиното Височество - Архитектурата, е дел од Светото Тројство во туризмот, покрај храната и музиката. Зашто, тие три елементи го создаваат специфичниот амбиент во една средина, без кој нема туристичка приказна, ни туризам.

Лилјана Поповска, претседател на ДОМ; „Дневник“, 30.07.10.

03.08 2010
Ах, таа географија

Географијата е виновна што сè уште немаме преговори како Исланд, бидејќи немаме добар сосед.

Антонио Милошоски, министер за надворешни работа; изјава во Брисел; „Утрински весник“, 29.07.10.

30.07 2010
Обединувач

Партиите се создадени да го делат народот, а претседателот да го обединува.

Ѓорге Иванов, претседател, при посета на Швајцарија; „Утрински весник“, 28.07.10.

29.07 2010

Затоа, Илинден мора да биде виден и доживеан не само како 66 години асномска државност, 107 години илинденска доблест, 1.000 средновековна македонска држава на цар Самоил, или пак 2.348 години од античката победа на Филип Втори Македонецот кај Херонеа. Илинден мора да биде виден и доживеан како вечен пат на македонската ослободена и разбудена свест до самиот извор на животот, преку светлината на сонцето, до коренот на потеклото.

Нестор Огинар, „Нова Македонија“, 27.07.10.

28.07 2010
1
Пенелопа

Во мојава земја дојдов зашто на зрели години осознав дека во мојот земен живот од сите вредности за кои сум сонувал, сум се борел и сум се залагал, Македонија е единствена што, како Пенелопа, ми остана верна, чиста, вечна и неменлива во овој лажен свет на менливи и минливи нешта што луѓето ги ткаат на разбојот од животот.

Нестор Огинар, „Нова Македонија“, 27.07.10.

27.07 2010

Не е ништо страшно ако некој советник истовремено биде и директор, бидејќи Македонија е мала земја и нема многу способни луѓе. Мислам дека не е најстрашно, имам пријатели во Црна Гора, велат луѓево не можат да најдат луѓе за во влада, не да постават и директори и советници и пратеници и заменици и државни секретари. Мала е земјата.

Владимир Талевски, градоначалник на Битола; А1 ТВ, 15.07.10.

26.07 2010
1
Психолошки предиспозиции

Се разбира дека здравјето во условите, очигледно кај некои лица, конкретно за ова лице кое повика, тоа е лице кое е многу пати осудувано, има одредени психолошки предиспозиции.

Михајло Маневски, министер за правда, при обиколка на затвор замолчува затвореник што се пожалил на затворските услови; А1 ТВ, 23.07.10.

23.07 2010

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото