Боли глава

Знам, ама...

Знам кои се атентаторите на претседателот Глигоров, но немам докази и не смеам да кажам.

Зоран Петров, заменик-министер за надворешни работи; „Шпиц“, 01.10.10.

06.10 2010

Така, авионите во престолнината Улан Батор слетуваат на аеродромот „Џингис-хан“, исто како што тие во Скопје се приземјуваат на „Александар Велики“. Во Монголија сега може да се студира на универзитетот „Џингис-хан“, да се престојува во истоимениот хотел, да се купат вотка, енергетски пијалак или цигари со неговото име, а сето тоа да се плати со пари на кои е отпечатен ликот на ханот.

Македонија овде малку заостанува. Имаме хотел што се вика „Александар палас“, иако официјално не му е посветен на античкиот војсководец, но наместо на универзитет, неговото име го ставивме на автопат, а го нема многу ни на полиците на супермаркетите. Освен во именувањето на некои вина, според него или неговиот коњ.

Гоце Трпковски, Нова Македонија; 04.10.10.

05.10 2010
2

Не е време за откривање на гробот на Александар Македонски, кој според експертите е на наше тло, бидејќи светот во моментов не е подготвен за оваа вистина, која би предизвикала Трета светска војна.

Паско Кузман во документарецот „Име си е име“ кој имаше македонска премиера на 29.09.10.

04.10 2010
1
Латас за Фуере

Братучетки и залутани

Види ваму, дал беше Фуере, или беше Фолере. Фолиранту белосветски.
Фуере, е една обична полтрончина на социјалдемократрите. Една братучетка на Радмила Шекеринска, и еден обичен залутан лик во високата дипломатија, кој за сите овие години остана во сеќавање по своите подочњаци и испукани капилари што, без задршка, асоцира дека човекот од чаша не се дели.


Драган Павловиќ Латас, „Вечер“, 30.09.10.

30.09 2010
А Кундера жив!

Кога замина Милан Кундера дали некоја пеперутка над Пацификот посилно замавна со крилјата или тоа утро спокојно се разбудивме како ништо да не се случило?

Гоце Дртковски „го умре“ живиот Кундера; „Дневник“, 27.09.10.

28.09 2010
Врата

Не го пломбиравме шанкот во Струга, затоа што нема врата.

Фатмир Бесими, министер за економија, ја отфрла одговорноста за смртта на тројца луѓе во Струга; „Сега“ (Шпиц), 26.09.10.

28.09 2010
Што ќе јадеме?

Кога сме кај нобеловците, сакам да му препорачам една книга од Маркес. Не таа што ја претскажува нашата иднина („Сто години самотија“), туку една друга - „На полковникот нема кој да му пишува“. Знам дека не чита премногу, ама треба да го види само крајот, последната реченица. Може да му користи, еве зошто. Ако некогаш некој го праша што ќе јадеме додека чекаме проблемот со името сам од себе да се реши, е тогаш може да му одговори, кратко и јасно, како полковникот на речиси истото прашање од својата жена: гомна.

Злате Лозановски, „Дневник“, 24.09.10.

27.09 2010
Приватизациски грабеж

Профитот на македонскиот телеком со години наназад е огромен, а годишната дивиденда изнесува над 100 милиони евра или фантастични 2 отсто од вкупниот БДП на земјава. Цели дејности во Македонија (туризам, угостителство) не можат да замислат ниту сопствен вкупен приход во толкав износ. Ваков пример на износот на дивидендата на една компанија тешко ќе се најде во друга земја, а странските експерти постојано се чудат на оваа појава, со која никој со години не се конфронтира. Колку за споредба, според податоците на Светската банка за 2007 г. за светот во целина, вкупниот приход (а не дивидендата!!!) на целиот телекомуникациски сектор изнесува 3,2 отсто од светскиот БДП, за Европа тој изнесува 2,9 отсто, а во Македонија 6,8 отсто од БДП.

Никола Поповски, „Дневник“, 23.09.10.

24.09 2010
Буре кисела зелка

Во урбанистичкиот план за обнова на Скопје по земјотресот, 1965 година, коридорот е претворен во магистрална сообраќајница, а неговото клучно значење за градот е потврдено во сообраќајните решенија - во генералните урбанистички планови на Скопје од 1985 и 2002 година. Конечно, денес, група повторувачи - без око да им трепне - ќе го украдат булеварот и ќе го продадат на црно за буре кисела зелка, уништувајќи ја при тоа сообраќајната иднина на Скопје, кршејќи го Уставот, дузина законски одредби и сите стручни урбанистички стандарди.

Мирослав Грчев, „Утрински весник“, 23.09.10.

23.09 2010

Што и' сторија на историјата? Вчера прочитав дека во учебникот по историја за шесто одделение пишувало дека остатоци од Античките Македонци се денешните Власи. Новинарката му се јавила на авторот, вработен во Институтот за национална историја (ИНИ), кој појаснил: „Пред да напишам дека Власите се остатоци од Античките Македонци, му се јавив на претседателот на Унијата на култура на Власите. И тој ми потврди дека е така.“ Ете што ти се вика научно истражување.

Жарко Трајаноски, „Дневник“, 22.09.10.

22.09 2010
4

Несвесноста за сопствениот културен генотип, измешана со политичката моќ, има хистерично контрадејство: тогаш кога можете (имате своја држава) имате желба да компензирате во поплава од споменици (за сите рушени споменици од минатото)!? Не градите ИНСТИТУЦИИ, што подразбира култура на создавање организација и приоритети (култура на себеизградување), туку компензирате со празна ИДОЛАТРИЈА. Тоа е планктонско ментално ниво на дпмневциве. Тоа произлегува од незнаење на сопствената историја на отпор, борба и себеконституирање.

Љубомир Фрчкоски, „Дневник“, 21.09.10.

21.09 2010
1
Делфини и мочуришта

Со Влада што се фали дека ќе гради девет базени, а не може Олимпискиот да го наполни, ништо чудно што делфините пливаат преку Барата, бегајќи од мочуриштево загадено од без’рбетници, мекотели и слични слуги на политичките моќници

Mилорад Стојмановски; Дневник, 20.09.10.

20.09 2010
Учење

Децата да ги учиме за вредностите на Бетовен и на Шекспир, а не на Александар.

Љубиша Георгиевски, амбасадор; „Време“ (Белград), 15.09.10.

17.09 2010
Ќар

МВР нема никаков ќар од брзите пасоши.

Иво Котевски, портпарол на МВР; Вест, 15.09.10.

16.09 2010

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото