Боли глава

Ах, тој Берлускони...

Како и секогаш работам постојано и може случајно да ми се случи да погледнам убава девојка во лицето. Сепак тоа е подобро. Подобро да ми се допаѓаат убави девојки, отколку да сум геј.

изјава на Силвио Берлускони; Милано, 02.11.10.

03.11 2010
ПрилогГолемина
Преземи24.1 KB
Насилно рушење на кумот Ставре

Во оваа стратегија се заговара поништување на слободно изразената волја на граѓаните, се заговара насилно рушење на избраните институции и поништување на исходот на демократски оддржаните избори. Во оваа стратегија се поставени темелите на движењето, Граѓани за европска Македонија: –токму овде е напишано дека треба да се формира таква организација, која што подоцна ја формираат Жарко Трајановски, Бранко Геровски, Никола Гелевски и слични. Со оваа стратегија се покажа дека ГЕМ не е невладина организација или иницијатива. Таа е партиска сдсмовска инсталација во невладиниот сектор. Во истата стратегија е посочено дека Црвенковски треба да ги користи финансиските средства од СОРОС.

Зоран Ставрески, потпретседател на влада; на прес конференција, 30.10.10.

нема
01.11 2010

Ка­ко им трг­на со гра­деж­ниш­тво­то се­га и Кли­нич­ки­от цен­тар ќе го се­лат од Вод­но во Бар­дов­ци.
Иде­ја­та е прек­рас­на. Осо­бе­но што ве­лат де­ка дота­му ќе се ста­су­ва со воз. Ама од ка­де?
За ком­пју­тер­ска то­мог­ра­фи­ја се че­ка од 4 до 6 ме­се­ци. За ехо на ср­це се че­ка 3 ме­се­ци. За ма­мог­раф се че­ка 8 ме­се­ци. За ана­ли­за на ти­ро­ид­на­та жлез­да се че­ка по­ло­ви­на го­ди­на. А за ре­а­ген­си за алер­гии не се че­ка, оти не­ма. Ци­тос­та­ти­ци од­вре­ме нав­ре­ме сне­му­ва, ама им ја ме­ну­ва­ат те­ра­пи­ја­та...
Важ­но, Кли­нич­ки­от цен­тар за по­ло­ви­на ми­ли­јар­да ќе се пре­се­ли.
А бу­баш­ва­би­те ќе ги пре­се­лат ли?

Горан Михајловски, „Вест“, 30.10.10. Целиот текст тука

Виц икона
31.10 2010
Тешко нам во следните 100 години

Треба да се земат поуките од историјата и предупредувањата од историјата. Треба да бидеме оптимисти за иднината и да го очекуваме најдоброто. Но, треба да бидеме подготвени за секоја ситуација.

(...)

Затоа, да размислуваме за наредните децении. Деновите поминуваат бавно, но годините летаат многу брзо. Промените ни се случуваат пред очи. Процесите кои ги гледаме денес, уште утре ќе создадат нова реалност. Во тие околности, наша задача е да размислуваме и работиме за македонските интереси и континуитетот на македонската државност во наредните 100 години.

Влатко Ѓорчев; Шпиц, 29.10.10.

29.10 2010
Влада што почитува

Владата со ништо не придонела за каков било негативен извештај поврзан со медиумите. Секој граѓанин што следи медиуми може добро да види дали Владата ги контролира медиумите или можеби тоа го прави некој друг. Ова е Влада што ги почитува медиумите и никому ништо не е сторено. Секогаш кога сме во можност да помогнеме што било за развој на демократијата на медиумите тоа и го правиме. Владата е исклучиво заинтересирана за независност и непристрасност на медиумите и ќе продолжиме да вложуваме напори во тој правец.

Никола Груевски, од Собранието на РМ; Утрински весник, 26.10.10.

26.10 2010
Озрачен мозок

Не ми замерувајте, драги читатели, ваква сум од осиромашениот ураниум. Пијам многу вода, а таа е озрачена. И наместо да бидам нормална, јас „молчам и пеам“ (што би рекла Мира Шкориќ (?!)), јас серам за политика. Ураниумот е чудо. Јас сум еден од 100 милиони случаи во кои ураниумот има такво дејство. Озрачен ми е центарот за вистина! Неконтролирано излегува од мене. Јас сум огромен мутант кој се ослободил од контролата и тргнал кон вас! Бегајте!

Но, ако сакате да се ослободите од мене, мојот совет е да ме гаѓате со снајпер (тоа правете го од патриотски причини, се разбира) во глава! Во тој случај би ме заболела само п....та. Немојте да заборавате дека мојот полов орган е – мозокот!

Јелена Карлеуша, „Курир“

25.10 2010
Мек како душа

Познат сум по тоа дека не сум премногу насилен човек.

Милорад Улемек - Легија, осуденик на неколку доживотни затворски казни, воен злосторник, убиец; Blic, 19.10.10.

22.10 2010
Имагинариуми

Мислам дека Србија и Македонија се лидери во регионот по вложување во имагинарни работи. Пример за тоа во Белград е кулата на Авала која веќе нема никаква комуникациска функција. Никому не му служи, освен на српскиот инает за докажување дека и покрај сè, „ние можеме“. А во градот, на пример, не се градат доволно брзо мостови што ни се потребни. Во Македонија гледам се подигаат споменици, нема колективна идентификација, а се работи на нова, со Филип, со Александар итн.

Милена Драгичевиќ - Шешиќ, професорка по културна политика и културен менаџмент; „Утрински весник“, 21.10.10.

21.10 2010

На кутијата цигари, како закана, пишува да го одбегнуваш пушењето затоа што може да создаде стерилитет. Да те остави без деца. По таа аналогија, секој педер треба да носи маица дека сексот со него може да ти донесе СИДА, и дека е апсолутна закана за наталитетот. Педерите, имено, не можат да прават деца.

Драган Павловиќ Латас, „Вечер“, 17.10.10.

19.10 2010
3
Jebaćemo pedere!

И за крај, мал дел од големото лудило. Еден водач на нашата група смислуваше соодветни слогани за дерење. Во еден миг групата од стотина типови на неговата иницијатива почна да вика, исто како и за време на неуспешниот „прајд“ од 2001 година: Ќе ги ебеме педерите! Ќе ги ебеме педерите! (!?)

Иван Кузмановиќ, Хелшински комитет за човекови права во Србија, Peščanik.net, 10.10.2010

14.10 2010

Не е случајно тоа што на сите што му велат да излезе од владата, Али спремно им одговара - а каде ќе одиме тогаш? Навистина, каде? Може ли да се замисли ДУИ надвор од власта? Тешко. Додуша, јас се сеќавам и на Али со пушка на рамото, во Шипковица. Ама, ќе се напишат нова енциклопедија и нови учебници и ќе се избрише таа непријатна епизода од историјата. Хартијата трпи сè. А во темелите на Илинденска бб, Паско Кузман еден ден ќе ја открие лулката во која бил лулан Ахмети и со тоа непобитно ќе докаже дека човекот е роден во власта и роден - за власт!

Бранко Героски, „Шпиц“, 08.10.10.

13.10 2010
1
Дубаи во Скопје

Ако во Дубаи луѓето можеле да создаваат острови во океан, ние ќе можеме да префрлиме таква инсталација.

Соња Шумкова, одговорна за урбанизам во Општина Центар, ја брани новата преродбеничка идеја: панорамско тркало во центарот, покрај Вардар и зградата на Телекомот; „Дневник“, 08.10.10.

08.10 2010

Навистина не го разбирам кинескиот премиер Џијабао. Доаѓа во регионов, оди кај пропалитети, а ја прескокнува третата најдобра економија во Европа од кризната 2009 и третиот најдобар реформатор во светот. Чита ли Џијабао извештаи на „Дуинг бизнис“, отвора ли сајт на Светска банка, гледа ли пресови на Зоран Ставревски?

Васко Попетревски, „Дневник“, 06.10.10.

07.10 2010
4

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото