1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Недоветна е божемната недоветност на малолетните полнолетни груевисти, нивните партиски сателитчиња и медиумските комбинати. Недоветни им се сите напрегања да ги забошотат заушките што Н.Г. ги доби во Вашингтон. Таму го истуркаа на тротоарот да ни расправа како, божем недоветен за тоа зошто го викнале Бајден и Клинтонка, им продавал басма за „ѕвездените мигови“ на Македонија предводена од него и од неговиот режим. Стратегијата на недоветната божемна недоветност се распрсна како меур од сапуница, кога Американците, не од тротоарот туку од Белата куќа и Стејт департментот, од прва рака не информираа дека на Н.Г. му ја соопштиле својата загриженост за загрозеното владеење на правото, слободата на медиумите, граѓанското општество и меѓуетничките односи.
Но, груевистите се уверени дека со недоветната стратегија на божемната недоветност ќе постигнат Македонците да ги префатат заушките на Н.Г. Деновиве се изначитавме и се изнагледавме недоветни објаснувања за разликата меѓу безглавата и безмилосната употреба на полицијата во две саботи, пред и по излеаната омраза и пролеаната крв, пред и по вашингтонските заушки. Видовме и неколку министри од божем недоветната двоглава власт како, седнати во клупите, промовираат етничка толеранција и соживот. Видовме и дека средношколците не се недоветни, па ја одмолчаа министерската божемна недоветност. Тие што кршат не можат да лепат. Со полиција може да се шири страв, но не и толеранција. Уште невратен Н.Г. од Вашингтон, центарот за контаминација, кој неговите милуваат да го нарекуваат Центар за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи со нов напад врз две организации од граѓанското општество. Божемната реакција на Осмиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, изготвен од ФИООМ и МЦЕО, не содржи ниту еден аргумент против наодите во извештајот, но обвинува шестмина дека тие „лица се продолжена рака на СДСМ“. Центарот за контаминација не аргументира, центарот пресудува и распишува потерница по лицата од кои две немаат никаква врска ниту со ФИООМ и МЦЕО, ниту со нивниот извештај.
Пропадна премолчувањето на заушките што ги донесе Н.Г., потерата по внатрешните непријатели пламна со нова жестина. Авукатите на власта се прават недоветни и ги бомбардираат граѓаните со навистина недоветни приказни за „позадините“ на инцидентот на скопското Кале, кои треба да ги амнестираат Н.Г. и неговите. Страшо Ангеловски во „Публика“ расправа недоветна приказна дека инцидентот го договориле СДСМ и ДУИ заедно со вахабистите! А на интернет, „Македонска искра“ склепа фотороманче за недоветни, во кое за тепачката на Кале ја обвиниле ФИООМ и нејзините „пулени“ ГЕМ, „Плоштад Слобода“ итн. Претешка задача дури и за божем недоветните од „Македонска искра“, да го камуфлираат фактот дека на почетокот беше тепачката на скопскиот плоштад, а на крајот - тепачката на скопското Кале. Во првиот случај, стаповите беа во рацете на груевистите, тепаните беа голораки. Во вториот, стаповите (и камењата) беа распоредени порамномерно. Нејасно е која страна била повеќе тепана, иако митоманскиот триумфализам го преплави Фејсбук. Без оглед дали самите се нафатиле или сизифовската задача им била натоварена на нејаките плеќи, оние од „Македонска искра“ само ја рециклираат стопати демантираната лага, произведена во центарот за контаминација на ВМРО-ДПМНЕ. Се прашувам кога ќе не „израдуваат“ со уште една од оние нивни иконостасни потерници на чиј врв стои фотографијата на Бранко Црвенковски, „мртвиот политичар“ од кого Н.Г. се плаши како од чума. Ако не е така, чуму тогаш „шатевци“ пак се занимаваат со политичкото здравје на еден „мртов политичар“? Затоа што ја врати во живот партијата што претходно беше прогласена за мртва? Од последното пцалање на „шатевци“ ќе остане запаметена само заканата на мултиколорниот Слободан Чашуле со затвори, без да каже за кого. За секој случај. Сешто бидува.
Меѓувремено, на телевизијата што ја унередува ДаЛаПе, Н.Г. ги демантира Белата куќа и Стејт департментот. Убедливо, со проценти. Седумдесет наспроти 30, им попушти. Да не им попуштеше, ќе кажеше 80 наспроти 20. Американци се тоа, не се Македонци. Ним не им попушта. За нив важи 100 наспроти 0. До амбисот, без враќање.
Понеделникот беше обележан со уште едно продолжување на притворот за оние од Перо Наков б.б. За да видат сите дека Белата куќа и Стејт департментот останале без здив и не ги ни спомнале владеењето на правото, слободата на медиумите и граѓанското општество. Затоа Н.Г. пет пари не дава за политиката на „земјата со најмногу носачи на авиони“, што би рекол еден мој пријател. Затоа Н.Г. ја води Македонија до работ на амбисот. Легално, со мнозинство. Легално, но веќе не и легитимно. Сега Н.Г. најави предвремени избори. На брзина. Некој му шепнал дека се повеќе Македонци кочат и му вртат грб на амбисот и нему. Заушките веќе не префаќаат, шепотат евнусите по кулоарите на власта која го изигра народот. Ќе му го видиме крајот на владеењето на недоветноста и на божемната недоветност.
„Шпиц“, 23.02.11.
слики: Michael Page
Готови сте.
Испратено на 23 февруари 2011 од ГласачГотови сте.
Броите ситно, изродбеници.
Испратено на 23 февруари 2011 од Посматрач на историјатаБроите ситно, изродбеници. Завршува најмрачниот период во историјата на современа Македонија. Да не се повтори, никогаш веќе, ова лудило!
Јас едвај чекам да дојдат тие
Испратено на 24 февруари 2011 од Анонимен .!.Јас едвај чекам да дојдат тие избори, конечно да расчистиме со ѓубрето, во комплет со тебе како посматрач, и да ве пратиме во буништето на историјата! Народот има една стара изрека: „Кај шуто, па и боде“. Тоа сте вие!
Е ајде де, нека заврши ама не
Испратено на 23 февруари 2011 од Набљудувач на посматрачиЕ ајде де, нека заврши ама не ви се излегува на избори.