Митот за импровизацијата

31.03.2011 14:47
Сцена од филм на Франц Милер

На 9 и 10 април во Кинотека на Македонија ќе се одржи работилницата Митот за импровизација; граници и можности. Импровизацијата во филмот сè уште се појавува како мит околу кој се кријат многу тајни.

Режисерите Франц Милер и Николас Вакербарт своите први играни филмови ги изработиле врз основа на импровизацијата. Но: импровизацијата не значи имровизација. Целта на оваа работилница е да се дискутира и да се споредат конкретните начини на работа. Како може да се развие дијалог со актерите? Како може да се управува текот на една сцена без притоа да се уништи уживањето во играта на учесниците? Кои предности и недостатоци ги носат со себе лаиците во ваквиот отворен начин на работа? Каква одговорност треба да имаат актерите? Како може да се искористат слободниот тек и случајноста во филмот, и како да се избегне опасноста да се западне во своеволност? Колкава слобода поднесува импровизацијата? И што да се направи со стравот од слобода?

Овие работилници се за актери, филмски и театарски режисери, како и секој оној кој е заинтересиран за темата. Претходно знаење од оваа област не е потребно.

Сабота. 9.4. 19:00 – 20:30

Работилница 1. дел: Митот на импровизацијата. Можности и граници со Николас Вакербарт и Франц Милер со извадоци од Долу центар брада (Германија, 2011, Николас Вакербарт, 87 мин., превод на англиски јазик)

Недела 10.4. 16:00 – 19:00

Работилница 2. дел: Митот на импровизацијата, со извадоци од Научна фантастика (Германија, 2003, Франц Милер, 112 мин., превод на англиски јазик)

Апликацијата за учество можете да ја пополните на следниов линк:

https://spreadsheets.google.com/viewform?formkey=dEhwZ1J1N183VWVkVk1Remt3ZFg4ZWc6MQ

Франц Милер

Роден 1965 во Мозбах, Германија. Режисер, писател. Студии: Уметност и кибернетиката во Диселдорф, дополнителни студии Филм / Телевизија на КХМ, Келн. Филмови (избор): "Во петок вечер" (епизода: "Татко и син, 2001), " Научна фантастика "(2003),"Љубовта на децата" (2009)," 24 ч. Маракеш "(епизода" Matelot d'eau douce“, 2010). Во подготовка: „Место во градот", "3 мажи - 2 недели", "Ти не си доволно луѓе", "Ехо".

Николас Вакербарт

Роден 1973 во Минхен, Германија. Режисер, писател, актер. Студии: Актерство на Баварската театарска академија во Минхен; филмска режија на филмската академија, Берлин. 1996-1997 Глума, Франкфурт, 97-2000 Градска бина, Келн. Филмови (избор): "Почетник" (ТВ, 2004), "Вестерн град" (Док., 2005), "Половина часови" (краток филм, 2007), "Долу центар брада“ (2011).

Контакт:

Вибке Штадлер
wiebke.stadler@kulturmanager.net

Ивана Драгшиќ
dragsic@yahoo.com

„Револвер – ново германско кино“ е во организација на НВО Контрапункт во соработка со Кинотека на Македонија.

Настанот е поддржан од Канцеларијата за врски Скопје на Гете-институт и фондацијата Роберт Бош.

Медиумски партнери: okno.mk и Канал 103.

www.kontrapunkt-mk.org

www.kulturmanager.net