Во чест на Стенли Кјубрик

20.04.2011 13:15
Во чест на Стенли Кјубрик

Кој би бил најдобриот начин да му оддаде чест на еден од најдобрите светски режисери? Одговорот е едноставен – да се направат одлични нови графички постери за неговите култни филмови.

Поминаа 12 години откако почина Стенли Кјубрик, но неговите филмови сè уште нè восхитуваат. Во нивна, но и во чест на самиот режисер, неколку уметници, дизајнери, филмаџии и фотографи приредија изложба на дела инспирирани од филмовите на Кјубрик. Но еден од нив посебно се издвои со своите уметнички творби – дизајнерот Ник МекЛелан. Неговите филмски постери поседуваат специјален и уникатен стил, а дел од нив се прилично минималистички, додека друг дел се апстрактни. Заедничко за сите нив е тоа што ги прикажуваат моментите од филмовите преку кои гледачот веднаш препознава за кој филм станува збор, без да го прочита насловот.

На овој линк од интернет страницата Kubrick et le Web можете да најдете дела од сите уметници кои создале дело во чест на големиот Стенли Кјубрик. Ви посакуваме пријатно разгледување!

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW


 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW


Извор: awesomenator.com

ОкоБоли главаВицФото