Современи филмови како винтиџ книги

29.08.2023 10:23
Современи филмови како винтиџ корици на книги

Илустраторот Мет Стивенс имал креативна идеја да ѝ се препушти на фантазијата замислувајќи како би изгледале кориците на современи филмски книги во минатиот век.
Генерално, процесот на адаптација започнува со книги и завршува со филм, но дизајнерот и илустратор, Мет Стивенс, направи своевиден пресврт на тој процес.

За тековниот проект кој едноставно е насловен „Добри филмови како стари книги“, Стивенс ѝ се препушта на фнтазијта и ги замислува современите филмови како винтиџ книги со меки кориици и страници поврзани со платно кои стојат како ретро претстави за „Паразит“ на Бонг Џун Хо, „Ние“ на Џордан Пил и „Ритамот на лудилото“на Демиен Шазел, кои се дел од омилените филмови на илустраторот.

„Идеите за филмовите кои ги сакам доаѓаат брзо и лесно, и навистина доловуваат нешто од амбиентот “, вели тој.
Проектот кулминираше со серија принтови и претстојна книга, која Стивенс неодамна ја лансираше како дел од кампањата на Kickstarter.

„Од мојата постојано растечка и променлива мастер листа, откако ќе постигнам 100 наслови, ќе имам листа од околу 40 кои нема да можам да ги вклучам“, вели тој. „Доколку сето ова продолжи да се движи во овој правец, можеби ќе има потреба да се реализира и том 2”.

 

https://www.fubiz.net/

ОкоБоли главаВицФото