Амстердам - градот на велосипедите

13.05.2011 14:38
Амстердам - градот на велосипедите

Амстердам се смета за европска престолнина на велосипедите. Овде сè е уредено по мерка на велосипедистите: посебните патеки, семафорите, паркиралиштата. Насекаде низ градот се среќавате со велосипедите. Околу 400 000 жители на Амстердам секојдневно го користат ова незагадувачко превозно средство.

Велосипедите се најпопуларно превозно средство во Амстердам. Околу 40% од населението ги користат.

Многу улици во центарот на градот се преуредени да бидат само велосипедски патеки.

Постојат посебни велосипеди со кутии за превоз на децата.

И најмалите постојано се охрабруваат да го користат ова превозно средство.

Изнајмувањето велосипед чини меѓу 5 и 10 евра.

Fietsflat е најголемото паркиралиште за велосипеди во Европа.

Не е лесно да се најде празно место.

Во Амстердам има повеќе велосипеди одошто коли.

Ноќни сцени од градот.

Извор: wonderaday.com

ОкоБоли главаВицФото