Посебна куќа со посебни потреби

05.10.2011 14:13
Посебна куќа со посебни потреби

Архитектонското студио од Кагинава Hosaka Takeshi Architects е автор на еден многу интересен концепт за семејна куќа во центарот на Токио, наречена RoomRoom. Имено, се работи за двокатница која е проектирана за глувонема двојка со две деца.

Куќата е замислена како додаток на веќе постоечка куќа и со едната страна залепена за нејзиниот ѕид, но со својата појава воопшто не го продолжува дизајнот на првата. Всушност, целиот дизајн и обликување на втората куќа се водени од комуникациските потреби на семејството кое ќе ја населува, кои најмногу се одразуваат во мноштвото прозорци кои ја обединуваат нејзината фасада.

Со прозорци се прекриени ѕидовите, покривот, па дури и подот на куќата во вкупна површина од 200 метри кв. Со оглед на исклучително високата густина на населеност во соседството, куќата е сместена на ќош и се доживува како мал правоаголен волумен со прозорци кои ја обележуваат фасадата. Случајната положба на отворите создава јасен идентитет на структурата, различен од околните градби, додека истовремено ја задржува внимателно чуваната приватност на семејството.

Но, без оглед на непостоењето големи отвори и конкретен „поглед“ на улица, ентериерот добива оптимална количина дневна светлина. Малите прозорци стануваат и елемент на комуникација меѓу родителите и децата кои вниманието на себе го насочуваат фрлајќи играчки низ прозорците. Самите отвори можат да бидат сфатени како реинтерпретација на класичниот атриум кој овозможува светлината, звукот и ветерот слободно да патува меѓу сите катови, но согледано како практично решение за лица со посебни потреби.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото