Сите лаги за женскиот оргазам

10.11.2011 14:13
Сите лаги за женскиот оргазам

Уморна од снимањето депресивни документарци за граѓанската војна во Никарагва и корупцијата во работата на ММФ, американската режисерка Лиз Канер реши да сними филм за женското сексуално задоволство.

Поттикната била од понудата на фармацевтската компанија Vivus да биде монтажерка на еротски филмови кои би се користеле за тестирање на дејствувањето на кремата за женски оргазам.

Во текот на снимањето се посомневала во мотивите на својот работодавец, па почнала да открива многу нешта за тоа како фармацевтската индустрија, мотивирана од заработувачката, не само што ги лаже жените обидувајќи се да ги убеди дека имаат здравствен проблем ако не можат да постигнат оргазам за време на секој сексуален однос, туку и сериозно го загрозува нивното здравје. Нејзиниот документарец неочекувано тргнал во друга насока и така настана филмот „Orgasm Inc.“

Болест која не постои

Женската сексуална дисфункција е една од највносните болести кои фармацевтската индустрија ги измисли последниве години, а Лиз Канер открива што сè се крие зад оваа навидум драматична медицинска дијагноза. Притоа, клучната теза која ја поставува е прашањето дали женската сексуална дисфункција е навистина пореметување, или само генијален рекламен потег со кој фармацевтските компании заработуваат милијарди долари?

„Во медиумите често се споменува бројката од 43% од жените кои страдаат од женска сексуална дисфункција, а првпат за овој израз слушнав во раните 1990-ти. Всушност, немав слушнато за оваа ’болест’ сè додека не почнав да работам за фармацевтската компанија“, објаснува Канер, отфрлајќи ја тезата дека ова пореметување отсекогаш постоело.

Па така, една од побизарните сцени во филмот е онаа во која Керол Квин, кустот на Музејот за антички вибратори во Сан Франциско, објаснува дека кон крајот на 19-от век лекарите со вибратори лечеле хистерија кај жените, при што целта била со вибрации да се произведе т.н. хистеричен пероксизам.

Кога беше откриена Вијагра, фармацевтските компании ја видоа својата можност за проширување на пазарот и на жените.

Единствениот проблем беше тоа што американската агенција која ги одобрува лековите (FDA) бара болеста да биде прецизно дефинирана, што во случајот со женското сексуално пореметување е многу тешко бидејќи не постојат објективни параметри според кои женското возбудување и оргазмот би можеле да се мерат.

Само плацебо

„Секако дека физиолошките причини, како што се хистеректомијата или дијабетесот, можат да предизвикаат одредени сексуални проблеми, но за повеќето жени тие се предизвикани од социо-културни причини, како што се сексуалното искористување на рана возраст, проблемите во партнерските односи, недостатокот на сексуално образование и стресот“, смета Канер, додавајќи дека жените се изманипулирани со наметнатите очекувања на околината, бидејќи ако жена на 60-годишна возраст очекува да има исто либидо како жена на 20 години, се разбира дека ќе си помисли оти има сексуално пореметување.

„Тоа е“, вели таа, „споредливо со времето на нашите баби, кога жените со намалена сексуална желба биле сметани за фригидни.“

Канер во филмот разоткрива и како многу од производите не се ништо друго освен плацебо, а со неа се сложуваат и некои од соговорничките кои биле тестирани не само се лекови туку и со опасни инструменти, како т.н. оргазматрон – изум на докторот Стјуарт Мелој, кој во ’рбетната срж на жените воведува жици и електроди на мал апарат кој би требало да поттикне сексуално возбудување.

Една од нив е и Шарлета, среќно омажена жена на средна возраст, која решила да го испроба овој начин на „лекување“ и да се подложи на операција, и покрај ризиците како еподурална хеморалгија или парализа, а сето тоа само за „најпосле да биде нормална“. Меѓутоа, направата со која се управува преку далечински управувач поттикнала само рефлекс во нејзиното лево колено, што ја натерало ногата на неконтролирано потскокнување, а Шарлета на смеа пред камерите.

„Сеедно, ова е многу корисно ако сакам да удрам некого со ногата во задникот“, иронично забележува таа.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Таблети за сите

„Ние како општество навикнавме за сè да постои таблета. Луѓето повеќе не очекуваат од лекарот да им даде совет, туку да им препише рецепт“, вели еден од соговорниците во филмот.

Потоа во една сцена гледаме карикатура на брачен пар во креветот, возбудена жена и незаинтересиран маж, под која пишува „Штета што не постои таблета која би стимулирала разговор“.

Извор: Jutarnji.hr

ОкоБоли главаВицФото