The Greatest Movie Ever Sold

07.10.2011 13:35
The Greatest Movie Ever Sold

Зошто да го гледате: Пренагласените реклами на најпознатите светски компании во денешните блокбастери навистина знаат да нервираат, а понекогаш и да го расипат впечатокот за пристоен филм. Морган Спарлок во својот најнов филм е подготвен да се „продаде“ до крај за да ни покаже до која мера огласувачите се спремни да одат. По гледањето на овој документарен филм ќе ви стане јасно дека во Холивуд е речиси невозможно да направите високобуџетен филм без да му ја продадете душата на ѓаволот, во случајов, големите огласувачи.

За што се работи: Откако во својот прв голем документарец „Super Size Me“ Спарлок се пресмета со МекДоналдс и буквално едвај извлече жива глава од тоа, сега тој сакаше да види како е да се направи филм кога сте на страната на големите играчи. Решава да продаде сè: од името на филмот па сè до одобренијата на огласувачите пред да го пушти филмот во кино-салите. Не им се опираше на желбите на спонзорите и без поговор ги исполни сите нивни мегаломански желби. Се чини дека само така можеше да ја прикаже сржта на филмскиот маркетинг. Во тоа е толку добар што ниеден огласувач не му го одобри прикажувањето на филмот.

Ви препорачуваме да обратите внимание на неговиот обид да ги прикаже најскриените тајни на филмскиот маркетинг. Зарем навистина за правење триминутен филмски трејлер користат најнапредни медицински достигнувања?

Во филмот се појавуваат Ноам Чомски, Квентин Тарантино, Доналд Трамп, Питер Берг и многу други.

Режијата е на Морган Спарлок, а сценариото е на Спарлок и на Џереми Чилник.

Филмот трае 90 минути.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Извор: zurnal.info

ubavo

ubavo