15 нешта кои можеби не сте ги знаеле за наградата Оскар

25.02.2011 13:05
Оскар

Наградите познати како Оскари (The Academy Awards или Oscars), се годишно доделувани филмски награди од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи глумци, режисери и сценаристи.

Свечената церемонија на која се доделуваат наградите е една од најважните филмски церемонии во светот. Следат 15 нешта кои можеби не сте ги знаеле за Оскарот.

1. Во 1929 г. е оддржано првото доделување на наградата.

2. На второто доделување во 1930 г. се наградуваат само седум категории.

3. Глумицата Ширли Темпл е најмладиот актер кој некогаш добил Оскар. Таа добила Оскар на само шестгодишна возраст во 1934 г.

4. Хатл МекДаниел е првиот црн глумец кој добил Оскар за улогата во „Однесено од виорот“ во 1939 г.

5. Грир Гарсон во 1942 г. го одржал најдолгиот говор по повод доделувањето на наградата – говорот траел 5 и пол минути.

6. Од 1943 г. е воведено правилото дека секој говор треба да трае до 45 секунди.

7. Во 1953 г. за првпат во историјата доделувањето на наградата се пренесувало во живо на телевизија.

8. Во 1966 г. за првпат телевизискиот пренос бил во боја.

9. Во 1968 г. Алфред Хичкок го одржал можеби најкраткиот говор на церемонијата. Говорот се состоел само од зборот „Ви благодарам!“.

10. Единствениот филм кој бил оценет со ознаката Х, а кој добил Оскар во 1970 г., е филмот „Полноќниот каубоец“ (Midnight Cowboy).

11. Во 1972 г. Чарли Чаплин ги доби најдолгите стоечки овации во историјата на доделувањето на Оскарот кои траеле цели пет минути.

12. Во 1981 г. телевизискиот пренос беше одложен за еден ден подоцна поради обидот за атентат на тогашниот американски претседател Роналд Реган.

13. Во 1998 г. Глорија Стјуарт, со своите 87 години, стана најстарата личност која некогаш била номинирана за Оскар, за филмот „Титаник“.

14. Во 2002 г. се одржа најдолготрајната церемонија на доделување на Оскар, која траеше цели 4 и пол часа.

15. Во 2010 г. Кетрин Бигелоу стана првата режисерка која доби Оскар.

Malce vi se utnati podatocite

Malce vi se utnati podatocite pri prepisuvanjeto. Hattie (Hatl??) McDaniel e prvata glumica/afroamerikanka sto ja ima dobieno ovaa nagrada.

ОкоБоли главаВицФото