11 нешта што не сте ги знаеле за спиењето

12.10.2010 10:46
11 нешта што не сте ги знаеле за спиењето

Спиењето е суштинска потреба на секое човечко суштество. Сепак, научниците сè уште не го истражиле целосно овој процес и ние не знаеме доволно за оваа секојдневна активност. Ова се единаесетте нешта кои најверојатно не сте ги знаеле за спиењето.

1. Што сè се случува додека спиеме? Како прво, нашиот мозок се одмора. Потоа, нашето тело ослободува важни хормони. И нашите клетки се поправаат себе си.

2. Кога сме бебиња, потребни ни се и до 16 часа сон. На возраст од 3-12 години, потребни ни се 10 часа сон, исто колку и на возраста 13-18 години. По 8 часа сон се потребни на возраст 19-55 години. Само 6 часа се потребни за возраст над 65 години.

3. Мажите сонуваат други мажи во речиси 70% од времето поминато во спиење. Жените, пак, подеднакво сонуваат и за мажи и за жени.

4. Можеме да ги сонуваме само лицата кои веќе сме ги виделе, без разлика дали се сеќаваме на нив или не.

5. Парасомнија е еден вид пореметување на спиењето во кое правите неприродни движења и покрај тоа што сте заспани. Меѓу нив спаѓаат и возење додека сте заспани, пишување лажни чекови, убиства, малтретирање деца, силување.

6. 12% од луѓето сонуваат само во црно-бела боја. Оваа бројка порано била поголема, но со појавата на телевизорите во боја, сега многу повеќе луѓе сонуваат во боја.

7. Сонувањето е нормална појава! Луѓето кои не сонуваат обично страдаат од нарушувања на личноста.

8. 25% од двојките кои се во брак спијат во одвоени кревети.

9. Луѓето побрзо ќе умрат од неспиење отколку од глад. Потребни се две недели за да се умре од изгладнување, но само десет дена без сон можат да ве убијат.

10. Слепите лица можат да видат слики во сонот. Оние кои се родени слепи, можат да сонуваат емоции, звуци, миризба и допири.

11. Само пет минути по будењето ние забораваме околу половина од сонот. По десет минути, речиси 90% од сонот е заборавен.