Мапа на потеклото на храната што ја јадеме

19.01.2022 13:15
Мапа на потеклото на храната што ја јадеме

Зголемена мапа овде


Мапата ги покажува разните региони на потекло на 151 од денешните основни прехранбени култури. Таа го илустрира фактот дека огромен дел од храната што ја јадеме е „странска“.

Бананите потекнуваат од Јужна Азија. А доматите и компирите, што денес силно ги поврзуваме со италијанската и ирската кујна, се изворно од Америка. Тие го преминале Атлантикот за време на Колумбиската размена – мешањето нешта од Стариот и Новиот свет по 1492.

Некои култури имаат повеќе региони на потекло. На пример, пченицата, била одгледувана и во Централна и Западна Азија и во јужниот и источниот Медитеран.

Бидејќи гладот бил истраен проблем во предмодерните општества, постојано биле барани и донесувани нови растителни култури. Во 1151 Шпанците го виделе првиот компир, високо на Андите. Во 1567, само 16 години подоцна, веќе го одгледувале на Канарските острови.

Културите се сега распространето низ целиот свет. Храната е најглобализираната стока на планетата, и процесот се’ уште трае. Во 1961 прехранбените култури со потекло надвор од биорегионот каде биле консумирани, сочинувале 63% од глобалната прехрана. Педесет години подоцна, тој удел пораснал на 69%.



Америка

Во глобалните прехранбени култури што потекнуваат од Северна Америка спаѓаат боровница и брусница, тиква, тиквица и, можеби економски најзначајното, сончогледи. Тропската Јужна Америка на светот му дала ананас, папаја, палмино масло и какао. Без Андите, не би имале домати ниту компири, уште помалку киноа.

Африка

Меѓу посевите со потекло од источна и западна Африка се кафето и просото, дињата и сиракот. Западна и централна Африка е дом на палминото масло, оризот и колата. Во Јужна Африка има лубеница и пеперминт.



Европа

Јаболки, аспарагус, лешници, марула, хмељ, шеќерна репка – потекнуваат од североисточна и северозападна Европа. Анасонот и смоквите потекнуваат од југозападна Европа; оревите и црешите од Југоисточна Европа.

Азија/Пацифик

Спанаќот, конопот и ф’стаците потекнуваат од централна Азија, додека источна Азија е дом на праските, нектарините и мандарините, како и на краставиците и кивите. Модриот патлиџан, грејпфрутот, мангото се изворно од југоисточна Азија. Од регионот на Пацификот доаѓаат кокосите. Единствениот придонес на Австралија кон глобалната храна се оревите Макадамија.

Целата интерактивна мапа овде.

Банката на семиња на Вавилов


Основата на овие проучувања ги поставил Николај Вавилов, истакнат руски генетичар што се занимавал со растенија. Кога бил млад, Вавилов од прва рака посведочил како неуспевањето на посевите директно води до огромен глад.

Како научник, неговиот план бил да ги унапреди посевите, да ја намали веројатноста да не успеат и да имаат потенцијал за побогат род. За таа цел, трагал по нивните региони на потекло, претпоставувајќи дека највисока разновидност на видот би имало онаму каде биле првпат доместифицирани.

Вавилов патувал по светот, евентуално собирајќи 250 000 примероци од семиња, корење и овошје – во тоа време тоа била најголемата банка на семиња во свеот. Идентификувал седум центри на потекло на прехранбените култури, кои и денес се основата на проучувањата на потеклото на храната.


Нештата не завршиле добро за Вавилов. Рано во кариерата тој го менторирал Трофим Лисенко, но подоцна станал жесток критичар на неговите пседонаучните теории. За жал, на Сталин му се допаѓале. Вавилов бил уапсен во 1940 и умрел во затвор во 1943.

Во меѓувреме, банката за семиња на Вавилов во Ленинград била под закана од нацистичката опсада на градот, која траела 28 месеци и предизвикала голем глад. Но, научниците, наместо да ги јадат семињата, наизменично ја штителе збирката. Збирката прежиеала, но девет од научниците умреле од изгладнетост.

Во 1950-ите, Вавилов бил постхумно помилуван и наскоро му го вратиле статусот на „Херој на советската наука“. Банката на семиња на Вавилов денес е дел од институт именуван по него. И планета и кратер на месечината се исто така именувани по него. Приказната за научниците што ја штителе банката за семиња е раскажана во романот „Глад“ од Елиз Блеквел.


Истражувањето на потекото на храната останува релеватно не само поради историски прични. Дивите роднини и доместифицирани видови на глобалните прехранбени култури нудат потенцијал да се пронадајт нови гени што би ги направиле поотпорни на болести на климатски промени.

Извор: Big Think