10 интересни факти за Чарли Чаплин

28.04.2011 13:43
Чарли Чаплин

Чарлс Спенсер Чаплин (1889-1977) е роден во Лондон, а најпознат е по своите комични филмови од периодот на немиот филм. Пред Првата светска војна тој беше една од најпознатите филмски ѕвезди во светот.

Компонирал музика за своите филмови, а исто така и бил соосновач на филмската компанија United Artists во 1919 г. Во 1999 г. од страна на Американскиот филмски институт беше прогласен за десеттиот највлијателен машки актер во филмската историја. Следат десет помалку познати факти од неговиот живот.

1. Во 1925 г. тој беше првиот глумец кој се појавил на насловната страница на списанието Time.

2. Еднаш Чаплин учествувал на натпревар за луѓе кои најмногу наликуваат на него и изгубил.

3. Поради сомневање дека е комунист, неговите отпечатоци од дланките и стапалата биле отстранети од холивудскиот Булевар на славните, а потоа биле и изгубени.

4. Иако Адолф Хитлер го презирал Шарли Шаплин, тој бил свесен за неговата популарност поради што пуштил да му израснат мустачиња како на глумецот за да им биде попријатен на луѓето.

5. Чаплин никогаш не станал граѓанин на САД и бил прогонет од оваа земја во 1953 г. бидејќи одбил да земе американско државјанство. По оваа година тој живеел во Швајцарија, сè до својата смрт.

6. Компонирал околу 500 песни за своите филмови.

7. Последниот филм што го гледал бил „Роки“ во 1976 г.

8. Неговите останки биле украдени во 1978 г. од мала група швајцарски механичари кои сакале да го уценуваат неговото семејство за откуп и го држеле цели два месеци. По оваа случка неговиот гроб е облиен со бетон за да се спречат слични обиди.

9. Во негова чест еден украински астроном нарече астероид кој сега го носи името 3623 Чаплин. Астероидот се наоѓа во астероидското поле меѓу планетите Марс и Јупитер.

10. Неговата ќерка, глумицата Жералдин Чаплин, во 1992 г. на филмското платно ја играше мајката на Чарли Чаплин, Хана Чаплин.

Извор: tiptoptens.com