1014 hPa
100 %
14 °C
Скопје - Вто, 14.05.2024 17:16
Документарниот филм „Доктрина на шокот“ е снимен според книгата на Наоми Клајн, а прикажан е есента 2009 г. на британскиот канал Channel 4. Во 79-те минути овој документарец ќе се обиде да ви ја претстави тезата на Клајн која тврди дека токму економската политика е она што го прави светот околу нас онаков каков што е.
Она што денес го нарекуваме глобализам, според Клајн, во суштина претставува производ на Фридмановата еконономија за слободен пазар (Милтон Фридман, 1912-2006, добитник на Нобелова награда за економија).
Наоми Клајн е 40-годишна Канаѓанка која порано работела како новинарка, но по 2000 г. и првата книга „No Logo“ таа станува истакнат деец во антиглобализацискиот проект. Покрај книгите „No Logo“ и „Доктрина на шокот“, таа е авторка и на „Fences and Windows“, а учествувала и во изработката на неколку докуметарни филмови. Објавува текстови во британскиот весник The Guardian.
Извор: lupiga.com