Прва пресуда за ширење омраза и расизам преку интернет

13.07.2009 16:01
 Сајмон Шепард и Стивен Витл

Во Велика Британија беа изречени првите казни за поттикнување расна омраза и негирање на холокаустот преку интернет страница регистрирана во странство. Ова судење го отвори прашањето за границите на слободата на говорот во Британија.

Сајмон Шепард и Стивен Витл се првите Британци осудени поради поттикнување расна омраза преку странска интернет страница. Материјалите кои ги објавувале вклучуваат исмејување на фотографиите од убиени Евреи и останати етнички групи, како и статии кои поттикнуваат на омраза кон малцинствата. На судењето одржано во јули 2008, Шепард е прогласен за виновен по 11 точки од обвинението, а Витл по пет. Шепард потоа во јануари годинава беше прогласен за виновен по уште пет точки.

Овие двајца Британци се осудени поради печатење летоци и одржување интернет страница на која се наоѓал расистички материјал. Шепард е осуден на 4 години и 10 месеци затвор, а Витл зад решетки ќе помине 2 години и 4 месеци.

По првите две пресуди Британците пребегнаа во САД каде побараа азил, но нивното барање беше одбиено. Во образложението на пресудата судијата наведе дека материјалот што го објавувале има потенцијал да нанесе голема општествена штета, а посебно во мултикултурните општества, какво што е британското. Истрагата започна кога граѓаните почнале да се жалат поради летоците со кои се негира холокаустот, а кои биле делени пред една синагога. Полицијата ја нашла страницата на која Шепард ги објавувал текстовите кои ги пишувал Витл.

Во еден од летоците пушивало дека Аушвиц бил летувалиште за Евреите кое им го обезбедиле нацистите. „На тој начин, Евреите од цела Европа доаѓале за да уживаат во одморот“, се вели во летокот, како и дека приказните за холокаустот се омаловажување на германскиот народ. Освен негирањето на холокаустот, Вилт пишувал и дека црнците се нецивилизирани, дивјаци, и ги нарекувал „убијци и силувачи“. Овие двајца мислеле дека ќе останат неказнети бидејќи станувало збор за американска интернет страница. Меѓутоа, истрагата овозможила да им се влезе во трага и американските власти ги испорачаа на Велика Британија.

Оваа пресуда покажува дека раширеното мислење дека некоја интернет страница од другата страна на Атлантикот овозможува да се затскријат трагите, очигледно не важи повеќе. Британскиот печат пишува и дека ова судење го отвори прашањето за слобода на говорот во Британија, бидејќи обвинетите тврдеа дека мораат да бидат ослободени зашто текстовите биле поставувани на сервер регистриран во САД, и со самото тоа дека не се опфатени од британските закони.

Судските власти само

Судските власти само санкционирале злоќудна идеја да се изроди во акт на злосторство, а не дека „го отвориле прашањето за границите на слободата на говорот во Британија“. Зарем заборавивте дека во рубриката „наука“ не‘ научивте дека „Човекот има 20 000 гени, од кои дури 99% се исти со оние на шимпанзото“? Тогаш по која логика и научна основа да се даде слобода на расистичките говорници? Се разбира, по никоја основа!
 

Слични содржини

Општество / Свет / Психологија / Наука
Општество / Активизам / Gif
Општество / Теорија
Општество / Активизам / Квир / Историја
Општество / Јавни простори / Технологија
Општество / Активизам / Свет

ОкоБоли главаВицФото