Активистка донира по еден долар на УНИЦЕФ за секој твит со омраза упатен кон неа

14.11.2015 16:48
Донација за секој твит исполнет со омраза

Како жена муслиманка која е родена како христијанка, Сузан Карланд добива многу пораки исполнети со омраза од исламските фанатици. Откако на различни начини се обидела да се справи со нив, дошла до една одлична идеја. Таа одлучила нивната омраза да ја претвори во нешто позитивно со донирање на 1 долар на УНИЦЕФ за секој злобен коментар.

Карланд, која е социолог со докторски студии на Универзитетот Монаш во Мелбурн, исламот го прифатила кога имала 19 години, а сега има 34. „Се обидов со блокирање, ангажирање околу тоа и игнорирање, но никој од нив не помисли дека го отелотворувам заповедот на Куранот за извлекување од темнината со светлина“, пишува Карланд за The Age. „Чувствував дека треба активно да генерирам добро во светот, за секој добиен лош вербален куршум.

„Еден ден додека го читав големиот прилив на токсичност насочен кон мене, се прашував кој е најмудриот исламски одговор кој би можела да го дадам“.
„И така се роди идејата за донирање на 1 долар на сметката на УНИЦЕФ за секој твит исполнет со омраза“

„Парите кои ги донирав им помагаа на деца кои беа во ужасни ситуации, директни последици на омраза - војна, сиромаштија поради алчност, неправда, насилство“.

„Донирањето за тие деца, секогаш кога бев виртуелно нападната, го чувствував како материјално добро кое се појавува како одговор на виртуелната омраза“.


Нејзината благородна акција ги охрабрила многу луѓе да почнат да донираат во хуманитарни цели.
Некои ја забележале иронијата на ситуацијата, и се надевале дека со овој чин „потребата за донации наскоро ќе се намали“.

„Со тоа што одбивав омразата на другите да влијае на мене, сега се чувствувам сигурна и релаксирана во однос на мојот сопствен идентитет повеќе од кога било“
Донации и поддршка доаѓале од сите страни на светот.


Извор: www.boredpanda.com

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото