Почина поетесата Светлана Јоциќ

28.04.2012 19:11
Почина поетесата Светлана Јоциќ

Во својот дом во Скопје, доцна синоќа, ненадејно почина македонската писателка Светлана Христова Јоциќ. Ќе остане запомнета по своите метафорични стихови и константните обиди да допре до длабочината на зборовите и нивното значење.

Светлана  Јоциќ е родена на 27 февруари 1941 година во Ресен. Има дипломирано на Филозофски факултет во Скопје. Во Друштвото на писателите на Македонија беше активен член  повеќе од четири децении, а ги вршеше во различни периоди и должностите на секретар, претседателка на Друштвото, претседателка на Советот, главна уредничка на ревијата „Стожер“.

Основач е на  Меѓународната манифестација „Македонски духовни конаци“, каде што беше  долгогодишна и единствена претседателка и главна и одговорна уредничка на списанието „Портал“.

Јоциќ е автор на десетици поетски книги: „Калесница“ (поезија, 1970), „Скришен ковчег“ (поезија, 1974)", „Сињо“ (поезија, 1980), „Самечка ќелија“ (поезија, 1993), „Душница“ (избор поезија, 1993), „Силенто“ (поезија, есперанто, 1995), „С. Бесмртна“ (поезија, 1996) и „Голема молитва“ (поезија, 2000),  а е авторка и на многубројни литературни критики и книжевни трудови. Нејзината поезија е преведена на неколку странски јазици.

Добитничка на наградите „Браќа Миладиновци“, „Ванчо Николески“, „Димитар Митрев“ и „Книжевен жезол“.

ОкоБоли главаВицФото