С’клет

12.05.2017 12:57
С’клет

Вчера. Поручек, приквечер. С'клет некој. Необјаснив. Има иљач. Идам да палам точакот, коа глеам, задњо црвено светло пред паѓање.
Тибам, отпосле видов дека после блискиот сусрет со другар ми Блерим се поткршило, а како несташно возам по тротоари и рупи, на „конче“ се држи.
Ок, го вадам да не се изгуби по пут и си обеќавам дека денски се прибирам. Ноќе е опасно да се курчиш по Скопје со точак, ако не си обележан со задње црвено. Ќе те спичкаат мањацине со бемвиња, ич око нема да им трепне.
После омиљена дестинација, следуе омиљен локал за пиво у Дебар маало, а ондак дома. Онака уздишан, пошо морав да сјебам с'клетот, слетуем на тротоар. Оддалеку видов само една празна маса и морав да бидам прв.
Обично коа глеаш нешто така слободно оддалеку, баш ко ќе доеш на лице место, у секунда, у секунда, се појавуе некој попрв. Колку пути тоа ми се случило.
Овој пут беше супер.
- Повелете (знам дека знае и чекам). Пиво?
(сеа она чека)
- У шише.
(Знам дека и ова знае, дека нејќу точено, ама ме заебаа. Ако, убави се овие ситни потпикувања. Те орасположуат.)
Е ова е лепота. Се „полуопружуеш“. Удобна столицата, вадиш инструменти. Очила, телефон, да просурфаш шо има ново у заштита на амазонски шуми, пошо нашите дрвја више ги нема. Се зезам. Отвараш ФБ, да вииш кој последен се жали на нешо.
Ништо интересантно. Све даала од себе, а никој не ја ценел, па сеа ќе брише пријатели. Па шо ги примаш инафрстплејс? Него, пуста нада. Можда, можда, некој ќе почне да ја цени. Да проба. Свашта. И после јавно објавено разочарење „проветруе профил“. Ме заболе. Одувек малку на нерви ми иделе вакви патетики. Досадно.
Коа, еве еден познат лик. Гура количка со една мала лепотичка. Ѝ мафнуем. Ме виде и доаѓа.
- Хеј, шо така по улици?
- Абе седиме онде. Друштво. Ама почна нешто да се буни, па да ја смирам.
- Па ќе се буни. По кафани ја м’кнеш.
- Аууу, не бе. Па она највише сака по кафани.
- ?
- Да бе. А нешо почне да кенка, излагаме и чим види астал, ома се смируе.
- Леее, кул мала. А шо сеа? Не ѝ се свиџаше друштвото?
- Не, појма неам. Почна да се буни нешто.
- И сеа бара да мењате локал?
- Да.
- Па тоа е више друг левел. Коа не те свиџа овде, мењаш.
- Да бе, и мене ме изненадуе. Брзо учи.
- Ех, деца. Ко сунѓери се.
- Ај, убаво шо се видовме. Идеме понатака.
- Оки оки. Чао.
Ме орасположи сусретов, а и с’клетот го снема. Деца од мали се васпитаваат на урбано понашање. Оние кои го пропуштиле тоа у ран развој, обично аздисуат на стари години. А тоа е обично или превише бучно и неумесно или изглеа толку фејк, да ти се споврати.
Отварам ФБ-от. Ама шо? Нишо ново, вечерва Евровизија. Не глеам, години уназад. И така утре ќе прочитам зајадливи коментари. Ко да сум глеал. Боље кај Горанците. Ко може малана да мења локал, можам и ја. Бар да регистрирам стање тамо.

Слика: Алис Велингер

ОкоБоли главаВицФото