Мајсторчиња по дома

29.06.2017 11:20
Мајсторчиња по дома

 Мајсторчиња по дома. Кречат у недела. Едниот од Пехчево, другиот од Битола. Гурбетчии, јебига. Битолчанецов ми го мути паметот. Уствари, ми го меле умот. На познат јазик ми збори, ептен познат, а не е љут за министири ова-она. Обично они се наакани, ама детево? Салам испадна, ко за битолчанец. Битолчанките се друга прича. Тро позаебана.

- Газда, кај рече соко го чуваш?
- Сто пати не кажувам, ене ти чаши, ене ти фрижидер. Аман ...
- Де бреее... не личеше на скопско педерче, шо толку?
- Како?
- Ништо, ништо. Во фрижидерот кажа, така?
- Така. И не досаѓај више.
(Зима сокот, за него и ортакот и си иде у одајата шо ја кречат. Коа, отвара врата...)
- Газдааа..
- Шо е сеа? Аман више, аман, цел ден се ашкате.
- Не бе. Ај молим те, по едно кафе, може?
- Може, ај...
(Шо да праам?. Ќе сјебат нешо ако не им идеш по г'з.)
- Какво?
- Едно средно и едно горко.

Абе? Абе?... аахахахааа... како да не се скинеш од смеа? Да им варам побашка? Шампион малиов. Створен за нервоза, ама мене ми е забавен.

- Средно и горко? Без шеќер... и ене ти ја теглана, ставите си колку сакате.
- Да бе, супер, и онака ќе го утнеше.
- Еиии... абе затни се тамо, фаќај четката.
- Добро бе, добро... пууу

Напраив кафето, им носам, коа шо да видам? Мала пажња. Нацртале срце бе? Со поликолор на ѕидот. Демек, хвала за кафето.

Е како да не ги почастиш и слатко? Доста им е! Битанги!

***

Сабајлево. Втор ден кречење. Се јавуе Битолчанецон у 7, еејјј...

- Идам газда, толку спиење за денеска. Станвај!

Еи? Заебан малиот, ама ОК... праам кафе и џом ќе ме снема, до пладне.
Откоа све намирив, излагам да купам некои шрафчиња, типли, глупости, коа? Иремчето? У мое маало, а бивша комшиница да ти била. Ме израдуе шо ја видов. Оки мубети, точаци, ова-она, Ането ја изоговаравме ко шо е ред. За Јоцле све најубаво, контрола на брзинка кај Горанциве и идам кај Злате берберот.

- Ау, комши? Шо со рукава?
- Злате, со машинка околу, а горе со макази поравњај. Жилет- не.
- Абе то знам, ама шо ти е на рукава?
(Лее радознал, боље да му кажам, да не почне за фудбал да расправа.)
- Паднав Злате.
- Со точак, а?
- Да Злате. (На нерви почиња да ми иде, постепено.)
- Па ти реков и прошли пут, намали малце чалам.

Ааааа... ама стварно ме нервира. Си ќутам док не заврши, зашо пред да стaне бербер, со шмишајбна у МЗТ работел. Го заебал Бранко у транзиција и станал тоa шо е.

- Намалив Злате, дај огледалото да видам позади шо си напраил?
- Еве огледалото. Него... притисакот да не ти варира?
- А?
- Притисакот, ако варира... мош ти се смутило и затова си паднал.
- Дај фати со то метличето пројди ми фаца, све ме чеша.
- Еве бе, него... беше на доктор?
- Бев Злате.
- И? Скршено нешо или само набиено?
- Набиено.
- Си спасил г'з. Ја ко ја скршив рукава. Три недели гипс, па погрешно зараснало, па операција, па плочки па...
- Ок, ок... тисибало мајката... ај соблечи ми ја пелеринава, се брзам.
- Абе седи малце, прв си денеска, сакаш кафе?
- Не Злате.
Вадам пари и ни кусур чекам ни нишо. Му ги тутнав и да ме нема. Ме здроби, еј. Па како, па шо, па зашто, па савети... берберска работа... углавно, на крај, затоа и отидов, затоа и идам коа сум нешо накурчен од друго..

- На здравје шишање Џанго!

Слики: Џузепе Коларусо

ОкоБоли главаВицФото