Ние сме уште у Први светски рат

14.07.2017 14:31
Ние сме уште у Први светски рат

Денеска приквечер, мала вожња со точак по јужен булевар накај Влае. Рамиз со цуцата и едно разџагорено полуголо златце. Картони собираат. Мршаво коњче. Колата полуполна. Не ги прошле сите контејнери у КВ, а имаат да шлапаат и накај Капештец. Не возам брзо и застанав со нив кај контејнерите на Тинекс, кај катната гаража.

- Како стање Рамиз?
- Абе шо да ти кажам. Вруќина голема, ама денеска малце залади.
- Да бе, вчера беше изгор. Денеска слабо, а?
- Нема народ бе, Џанго. Немаат ни пари.
- Како бе?
- По картониве глеам. Не се троши роба. Нема народ пари. Нема ни за мене.

У датибам, Рамиз е индикатор за економски токови. Запрепастуат понекад маргинални ликови. Требе да качам у обилазак некој министар да напраи муабет со нив.

- Остај бизнис. Слушна ово за коњиве?
- Шо?
- Абе, коњско месо, ептен скупо и го сакал народ.
- Не трескај бе Џанго, сум јадел
- ?
- Да бе, ко немавме за леб.
- Си јадел?
- Жилаво бе, за никаде, ама немавме друго. Едниот коњ така отиде јабана.
- Шо збориш бе?
- Да бе, погрозно нешо немаш пробано. У Први светски рат, ко немале шо, ги колеле коњите да преживат.
- Абе ај?
- Да бе. Мие сме уше у Први светски рат. Други светски не дошол.

Ништо не му кажав. Ни... ај чао, ни ништо. Што да му кажам? Се качив на точак и продужив даље.

Слика: Александар Дојранлиев

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото