Глупава сезона пролет-лето

31.07.2017 02:24
Глупава сезона пролет-лето

- Како беше?
- Прво ми падна шипка на глава кога ги вежбав децата театар.
- А?
- Да бе. Неколку дена у болница, повраќање, све.
- Потрес мозга?
- Епа шо друго?
- Не, си мислев кучешка тенија дан’ си фатила, пошто те видов коа го галеше кучето и со немиени руки зема палачинка да гнетеш.
- Мислиш? Лелеее...
- Сасвим могуче.
- Сеа се јавуам у Зегин. Они све знаат.
- Ај заеби, ама стварно заеби. После, како беше?
- После тоа ме акна една глупача со кола. Бочно. Пак се опнав со глава, овојпут у џамот, а вржан ми беше појасот.
- Хиии... и?
- И ништо, вероватно навежбана, дупло помалце повраќав.
- Шо ти значи тренинг.
- Да ти кажуам уште?
- Кажуј, кажуј ...
- Пред три недели добив на лутрија крстарење по Медитеран.
- Шо убаво.
- Аха, убаво.
- Е шо е сеа?
- Од десет дена, седум дена, ненормална бура.
- Пак се скина од повраќање.
- Пак! И пази, од Италија до Скопје се враќам со аутобус.
- Ти се лоши у аутобус.
- Не бе, ми отекуат ногите.
- Епа ОК е тоа.
- Кај Предејане се запали моторот.
- Ау, ау... и?
- И ја глупача да излезам надвор да помогнам, коа удишав од тоа димот...
- Црева истури, гарант...
- Абе шо да ти кажам. Они го изгасија огинот, ја уше рикав поред аутобус.

Глупава сезона пролет-лето. Забораив. Поплавата у Грчка? И таа ја стрефи, ама без последици. Знак дека есен-зимо ќе биде супер.

Слика: Олга Шварцур

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото