Генезина

26.12.2017 02:13
Генезина

Таа почна да се дружи со Бог. Долго разговараа, долго молчеа, заедно се будеа, заедно ручаа и си легнуваа, па дури и заедно се капеа: Тој ѝ го миеше грбот, таа му ги вадеше црнките од носот. Еден ден таа посака семејство и Бог се исплаши и побегна.

Првиот ден без Него, таа почна да ужива во денот и ноќта, да ја запознава својата будност и своите сништа. Вториот ден таа долго гледаше во небото додека спокојно пловеше во морето без ајкули. Третиот ден, стапна на земја: тревата беше нежна, песокот тврдоглав а дрвјата се извишуваа сѐ до следното утро, кога нивните гранки ги достигнаа височините на месечината, сонцето и ѕвездите. Петтиот ден птиците почнаа да прават гнезда на нив и да учат како да го победат стравот од височина. Шестиот ден, додека малите љубопитни животинки се насладуваа со плодовите кои растеа на дрвјата, дојде човекот со своите пили. Седмиот ден немаше одмор за неа: сѐ требаше да се повтори одново и така до крајот на времето.

Слика: Љубе Петров

ОкоБоли главаВицФото