Прелапана жила

12.06.2017 14:00
Прелапана жила

КВ има свои моменти.
И покрај тоа шо коа е летњо рачунање на време, се бањаме секоја недела, а у зимно прва недела у месец, на евтина коа е, има ликови шо те паѓаат на дупе.
Вечерва, ме глеа Мурто калинка, вржан зглобот. Уше не ми поминуе.
- Шо ти е?
- Ама сеа дупиш. Се скинавте од смеа коа ви кажав како се оплескав.
- Абе знам (се кикоти), уше ли не помина?
- Не бе, маме му еем, не можам ручица на точак да стиснам.
- Дај да видам...
(Аи? Он ќе глеал, само еклери и боза знае да прави)
- Еве...
(Пипа нешо, се замислуе, глеа нагоре, мислиш транс паднал, ко бајач некој.)
- Тука е, ја осеќам жилата.
- И сеа?
- Сеа ќе ми кажеш коа ќе те заболи (почиње да стиска).
- Ајаа... охо... да, тука.
- Ете, сеа нека мируе, мош вечер ќе те боли, ама на место ти е.
- Ееееј бе... с’ибеш, стварно, мрдам.
- Па ко ти викам, утре уше еднашка и готово.
- Едно кафе?
- Аааа јок. Си се заебал, ако пијам кафе, утре ќе морам пиво да те частам.
- Абе не, за ручево.
- Не, не... не доаѓаш у обзир.
- Добро бе. Од кај го научи занатов?
- А, тоа од мајка ми, а она од мајка ѝ. Немало у Гора доктори за вакви прости работи.
- Прости, а?
- Да бе, ништо не е тоа.
- А добро, мојов случај лесен, си имал некој така, потерсене?
- Како не бе, пред пешес години една жена у пензионото шо идеме.
- Шо збориш бе?
- Да бе, три години жената ја болела ногата.
- И?
(Ми покажуе кај ја болела, не можела да оди. Некоја жила на препон. Е сеа го наебал Мурто. Ќе го скинам од заебаање.)
- Ја не ја пипам ти кај што мислиш.
- Абе ај, сами бевте у пензионо?
- Не се заебаај сеа.
- Не бе, си прашуем.
- Па немаше никој...
- Аха. И?
- Ѝ ја најдов жилата (ми покажуе) уз ‘рбет... па надоле, све прелапана.
- Жилата? Прелапана?
- Да бе, Џанго.
- Не ми се веруе.
- Абе, три години ја болела ногата, а она си мислела дека било она кај препонот, а нема веза. Жилите путујат.
- Путујат, викаш? И по пут, коа идеше со ручето, по жилата... до кај дојде?
- Аааа... само уз грб шо ѝ беше.
(Не се дава, еј!)
- А крајната болка, нестана само уз грб ко ја масираше?
- Да бе. Се ококори жената. Една благодарна, благодарна...
- И?
- Шо бе па ти?
- Па благодарна, како се заблагодари?
- Ми понуди кафе.
- Ти не прифати, пошо треба да враќаш.
- Е тука се заебав. Глупа навика.

Слика: Елиза Даглас

ОкоБоли главаВицФото