Милион хомофобни мајки

11.06.2012 12:38
Милион хомофобни мајки

Групата со вознемирувачки наслов One Million Moms започна голема лобистичка кампања чија цел е корпорациите Disney и Warner Bros, кои се сопственици на франшизата Marvel односно DC Comics и нивниот стриповски универзум, да се „одхомосексуализираат“. Можеби заклучокот дека групата One Million Mоms звучи хипотетички поопасно од групата One Million Angry Bearded Muslim Fundamentalists е премногу субјективен, но секако има застрашувачки призвук. Во вакви ситуации особено е важно да се присетиме на паролата на Андре Бретон и неговите надреалистички пријатели – мајката треба да се тепа додека е млада.

За жал, освен малобројните ентузијасти, денес во Хрватска стрипот ретко дека интересира некого, за што всушност најдобро сведочи што по седум години постоење се гаси наголемиот фестивал за стрип во регионот, Макарскиот фестивал на стрип. Но, во САД стрипот сè уште е доволно влијателен, така што појавувањето на геј протагонисти во инаку особено патријахалната вселена на стрип јунаците предизвикува големи полемики.

Најпрвин споменатата организација на загрижени мајки, која инаку се наоѓа под закрила на нешто што се нарекува The Family Association, се обиде за ја забрани продажбата на американското издание на популарниот стрип Archie во кој се случува и една геј венчавка. Откако овој обид не успеа, американските мајки ги разбесни новиот „скандалозен“ обид на „хомосексуалното лоби“, во светот на корпоративниот стрип да го воведе хомосексуализмот како нешто нормално.

Пред неколку дена со голема брзина се рашири веста дека еден од етаблираните суперјунаци – се шптекулираше со неколку имиња, меѓу кои беа Бетмен, Green Lantern и Wonder Woman – ќе излезе од плакарот. Дополнително мајките ги разбесни веста дека во новото издание на Марвеловиот Икс-Мен, Northstar се мажи за својот дечко. Во саботата стигна и првата потврда од DC Comics дека првиот суперхерој кој беше Green Lantern, Ален Скот, бил хомосексуалец. Станува збор за суперјунак кој прв пат се појави некаде во 1940 година. По тој повод, DC го издаде следното објаснување:

„Оригинално јунакот на Златната доба кој има континуитет од 1940-тите години па сè до денес беше член на Justice Society. Како јунак, Ален е еден од најстарите во целиот пантеон на DC Comics. Во Earth 2, тој ќе биде осовремен за да го дрази времето во кое живееме... Посебно е важно да се нагласи дека Ален е геј маж, но и дека неговата сексуалност е само еден дел од неговата повеќеслојна личност“.

Иако овој прес материјал на DC Comics е направен како еден вид оправдување насочено токму кон конзервативната американска јавност, истата се разбесни на оваа вест.

Милион американски мајки одлучија брзо да преземат нешто по тоа прашање за воведувањето на хомосексуализмот во светот на стрипот да не добие размери на епидемија. За таа цел покрената е голема кампања на испраќање на е-пошта до мајките во Америка да испраќаат протестни писмо да Warner Brothers (сопственик на DC Comic) и Disney (сопственик на Marvel).

Еве што велат мајките:

„Оваа компанија има силно влијание на нашите деца и преку користење детски суперјунаци се обидуваат полека да ја дестабилизираат нашата младина и да им ги испере мозоците за да мислат дека хомосексуалниот животен стил е нешто нормално или посакувано. Како христијани, ние знаеме дека хомосексуалноста е грев (Римјани 1:26-27). За жал, децата денес се изложуват на хомосексуалност од најрана доба. Стриповите до неодамна беа едно од последните места каде што родителот очекуваше дека неговото дете ќе биде соочено со хомосексуални теми кои се премногу комплицирани за децата да ги разберат. Децата воопшто не знаат што значи хетеро, хомосексуалност и излегување од плакар воопшто, но DC Comics и Marvel ги користат суперхероите да ги збунат и да постават прашање за избор на алтернативни животни стилови. Овие компании бараат дискусија за сексуалната ориентација за што времето сè уште не дошло.“

На крајот на ова писмо, групата бара од американските мајки да испрат писмо до компаниите на чиј крај ќе стои „мојата финансиска подршка на вашата компанија ќе зависи од вашата реакција на нашето барање да ја отстраните хомосексуалност од стриповите.“

Инаку, ова не е првата закана од таков вид. После веќе споменатиот „случај Archie“, истата група го уцени и малопродажниот гигант Toys`R`Us со писмо во кое стоеше:

„Децата се изложуваат на истополови бракови во вашите продавници. Тоа е последното место во кое родителот би очекувал неговото дете да се конфронтира со теми кои се премногу комплицирани за децата да би можеле да ги разберат.“

Разбеснетите мајки кои веќе со недели протестираат пред продавниците сега се обидуваат да ги притиснат овие две корпорации за да ги отстранат хомосексуалните теми од стриповите на компаниите кои се во нивна сопственост. Се чини дека Warner Brothers нема да одговои на лудите барања на американските конзервативки, а како ќе реагираат Disney допрва треба да се види. Ако би го прашале човекот по кој компанијата го носи името, Волт Дизни, кој во состојба на хибернација веројатно еднакво го држи модерната технологија како и неговата позната омраза кон Евреите и хомосексуалците, одговорот би бил повеќе од јасен.

Како и да е, Милион американски мајки кренаа врева, што впрочем им беше и главна цел. И воопшто не им е важно што на поголемиот дел од слободноумните луѓе нивната хомофобна пропаганда им создава морници на кожата.

Можеби најдобар одговор на сево ова даде еден љубител на стрипови:

„Отсекогаш ги сакав стриповите и музиката, иако никогаш не смислив добро име за својот бенд. Еден од највлијателните панк рок бендови од 1980-те се викаше MDC, Millions of Dead Cops. После оваа хомофобна хистерија, одлучив да го наречам бендот One Million Dead Moms!, изгледа згодно, зарем не?“

Извор: booksa.hr

Поврзаната статија: Геј венчање на двајца стрип јунаци

Мајкиве треба да го гледаат

Мајкиве треба да го гледаат филмот "Prayers for Bobby", а не би било лошо и да се едуцираат и да завршат барем средно образование.
Жално е што хејтерскиот и дискриминирачки став го пренесуваат на нивните деца, кои се раѓаат без чувтсво за омраза и различност, се додека родителите не ги расипат и затрупаат во предрасуди, поттикнати од лични фрустрации.

ОкоБоли главаВицФото