Сè што е забрането е посакувано

22.06.2012 13:24
Сѐ што е забрането е посакувано

Светската конференција за уметничка слобода на изразување, која оваа година се организира по прв пат, ќе се одржи на 25 и 26 ноември во Осло, Норвешка. Мотото на конференцијата е „Сè што е забрането е посакувано“.

Уметниците кои примиле закани по живот, искусиле апсење, киднапирање или цензура поради своите уметнички дела ќе бидат претставени на конференција која ќе се одржи во Opera House во Осло. Уметници од сите жанрови кои доаѓаат од целиот свет, ќе испитуваат и дискутираат со кустосите, познавачите, културните творци и претставниците на медиумите, како и до која мера се поставени ограничувања на уметничката слобода на изразување. 

Главен фокус на Конференцијата се трите основи агенти на цензура: религијата, државата и пазарот. Иако ефектите на цензурата лесно можат да се идентификуваат во случаи кога уметниците се затворени или убиени, општествените и економските реперкусии на цензурата се тешко мерливи. Културата отстранета од своите уметнички творби и културното наследство јасно ја губи важната врска со својата историја и идентитет.

Предметите на културата имаат моќно влијание врз мислењето и мотивацијата на масите, а со тоа имаат и сила да ги одвратат луѓето од придржување кон нормативното однесување на општеството, според диктатот на религиските и политички идеологии. Контролата на културата токму затоа е клучна грижа и за свештениците и за политичарите.

Но, таму каде што религијата и државата губат значење во контролата на уметничкото изразување, спремно се појавува друг цензор кој ја исполнува цензорската празнина – пазарот. Нема гаранција дека тој ќе биде помалку цензорски од неговите религиски и државни претходници.

Цензурата ја карактеризира контрадикторниот факт на начин што наметнувањето на границите предизвикува реакција на истите. Ограничување на слободата ја поттикнува желбата за уште поголема слобода, како што назначува и мотото на Конференцијата: „Сè што е забрането е посакувано“.

На многу начини силата на националните држави во произведувањето на цензура е поткопана од глобалните комуникациски мрежи кои се шират сè побрзо, како и од нарушувањето на меѓународните трговски бариери. Тоа значи дека на владите им станува сè потешко да контролираат до што сè нејзините граѓани имаат пристап; меѓутоа, историјата вели дека националните држави ќе се противат на препуштањето на контролата.

Учесниците на Конференцијата се повикани да расправаат за оваа и други теми во однос на специфични случаи. Тие случаи ќе бидат од различни контексти, а ќе вклучуваат многу познати како и непознати имиња. Во продлабочувањето на нашето знаење за основните услови на слободата на истражување, Конференцијата исто така ќе настојува да предложи начини за глобален мониторинг на цензурата и потикнување на подобрена уметничка слобода во целиот свет.

Теми:

- Поместување на границите

- Занемарување на дамнешното минато

- Гласот на господарите – спонзорите и слобода на изразување

- Јавен простор – ограничување и арена

- Религија

- Малцинство

- Занимавање со цензорите

- Избегнување на цензура

Извор: e - novine

ОкоБоли главаВицФото