Секојдневниот говор го поддржува расизмот

02.07.2012 10:38
Секојдневниот говор го поддржува расизмот

Секојдневниот јазик често претставува и средство на дискриминација. Притоа, не секој кој користи расистички изрази е расист. Политичката коректност бара голем труд и внимание – таа е нужност во општеството кое сака да биде отворено.

Во емисијата „Germany's Next Topmodel“ една од учесничките беше опишана како „расна“, во многу баварски кафеани се нарачуваат пијалаци наречени „Нигер“ или „Рус“, еден традиционален келнски ресторан се годее со името „Кај црнецот“, објаснувајќи го тоа со фактот дека во средниот век Маварите важеле за исклучително раскошни домаќини.

Суштината е во намерата

Поимите како „нигер“ или „црнец“ веќе со години претставуваат табу во јавната комуникација, но колачите наречени „нигерски бакнеж“ или „црнечка глава“ и понатаму се хит на детските родендени. Лингвистот Бернд Милер-Жакие тврди дека иако ваквите поими остануваат во употреба, не секој кој ги користи со самото тоа е расист. Многу нешта зависат од нивната намена – значи, не можеме секој гостин кој во ресторан ќе нарача „цигански стек“ да го прогласиме за расист.

Научната соработничка на катедрата за медиуми и комуникологија во Ерфурт, Лириам Спонхолц, вели дека јазикот дискриминира кога се употребува со цел категоризирање, потценување или создавање разлики кои во реалноста не постојат.

„Не се сите расистички поими такви на прв поглед – можат да бидат расистички без тоа да биде веднаш забележливо. Во суштина, сомнителен е секој категоризирачки поим“, вели таа.

На пример, зборот Köpftuchmädchen (во значење, „марамоглава девојка“, односно девојка која носи марама на главата) – овој поим ги категоризира, потценува и подразбира значајна разлика меѓу девојките кои носат и оние кои не носат марама на главата, иако не е јасно дали навистина постои таква разлика. Мора да се внимава на функцијата на одредени поими, тврди Спонхолц. Тогаш може да се воочи дека и на прв поглед се сомнителни бенигните секојдневни поими.

Суптилна дискриминација

Етнологот и доцентката на минхенскиот универзитет, Јулија Баер, истражувала како се таквата несвесна дискриминација се опишуваат, пред сè, наводно различните луѓе. Не само на масите во кафеаните туку и во новинарските колумни се зборува за „автохтоните“ или „природните“ луѓе, за „дивите“ племиња кои живеат „вон цивилизацијата, како во каменото доба“. Сите овие поими можеби ги прават поегзотични и повозбудливи странците, но не дозволуваат да им се пристапи како на луѓе.

Таквиот дискурс ја повикува колонијалната слика за белата „раса“ која повеќе вреди одошто другите луѓе, смета Баер. Таквото сфаќање не само што е застарено и научно погрешно, туку со себе носи и погрешни асоцијации. Баер тоа го потврдува со цитати од книгата на Сузан Арндт и Антје Хорншејд „Африка и германскиот јазик“: „Затворете ги очите, замислете еден поглавар и кажете што гледате. Јас гледам еден Индијанец со украси од пердуви, или еден племенски водач со парче облека само околу бутовите – тоа се мисли кога се вели дека станува збор за проблематичен концепт. Направете го истиот експеримент со друг поим, на пример, ’политичар од висок ранг’. Резултатот ќе биде сосем поинаков, иако поглаварот не е ништо друго освен висок политичар. Јасно е дека секој поим со себе носи и одредени претстави, слики – ниеден не е ослободен од тоа“, тврди Баер.

Страноста во нашиот ум

Дали употребата на овие поими е обично невнимание или зад неа се крие нешто друго, на пример, повикување на примитивните обрасци? За Јулија Баер поимите кои некој ги користи повеќе ни зборуваат за говорникот одошто за лицата кои би требало да ги опишуваат.

„Таа ’страност’ отсекогаш била некое место до европските фантазии кое обично има мала врска со тоа како навистина изгледа животот таму“, вели Баер. Во детските книги пишува дека „Ескимите живеат во иглоа“, а дека „во Африка луѓето носат здолништа од лисја“, вели овој етнолог. Ние сме свесни дека станува збор за стереотипни слики, но тие се цврсто врежани во нашето сфаќање. Кога зборуваме за поглаварите или „домородците“ кои „живеат во каменото доба“ ние ги будиме дискриминирачките асоцијации научени во детството. Многу луѓе немаат претстава за автохтони народи со преносни компјутери, на конференции или во парламентот, иако денес тоа е реалност во целиот свет.

Меѓутоа, и Милер-Жакие, и Спонхолц, и Баер се согласуваат дека табуизирањето на одредени зборови или замена со „посоодветни“ не е решение. „Ако некој се одредува само со неговото потекло, малку помага ако наместо ’гастарбајтер’ ќе речеме ’мигрант’“, тврди Баер.

Коректен дискурс

Во меѓувреме, според Милер-Жакие, не е лошо да се ориентираме според тоа како некоја група се означува себе си, на пример, „Роми“ наместо „цигани“ и „Сами“ наместо „Лапонци“ – за скандинавскиот автохтомен народ. Тоа сепак значи и исфрлање од говорот на привидно бенигните поими како што е „Еским“. Имено, станува збор за поим кој се однесува на различните етнички групи кои ги населуваат просторите од Сибир до Грендланд, и кои и самите не го доживуваат како позитивен. Ознаката „Инуит“ би била политички покоректна, иако и незадоволувачка за сите.

Во многу ситуации еден интеркултурално чувствителен јазик, со кој се избегнува агзотирање и симплификација, е можен. Луѓето кои живеат во областа Амазонија не се еден „примитивен народ“ кој живее „далеку од цивицилизацијата“, туку повеќе станува збор за мноштво култури кои не можат да се наречат „нецивилизани“, ниту бесусловно можат да се дефинираат преку врската со природата – тој систем денес во етнологијата е самоподразбирлив.

Извор: Deutsche welle

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото