1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Според официјалните историски податоци, на 9 мај 1945 година е потпишана капитулацијата на нацистичка Германија, што се смета за крај на Втората светска војна. Не треба да се заборави дека и по тој датум на некои страни сѐ уште се воделе борби и дека дошло до трагичната употреба на атомските бомби во Јапонија. Но водечката сила на војната била победена.
Во историјата како настан со кој е завршена војната се памети ратификувањето на договорот за германската капитулација на 9 мај 1945 година. Советскиот маршал Жуков пред Сојузниците го ратификуваше договорот за капитулација, кој еден ден порано во име на Третиот рајх го потпиша германскиот фелдмаршал Вилхем Кајтел. Оттогаш тој ден во голем број земји свечено се одбележува како меѓународен ден на победата над фашизмот. Најголемата парада се одржува секоја година на 9 мај во Москва, со голем парада на војската.
Што е фашизам?
Самиот термин фашизам е еден од најкомплексните поими во општествената наука и неговата употреба во секојдневниот живот се доведува до банализација бидејќи поимот се користи за секој кој е нетолерантен и нелиберален. Фашистичкиот режим не треба да се поистовети со секој вид угнетување, расизам или диктатура, бидејќи во основата на фашизмот се крие спој од одредени расистички и социо-биолошки идеи.
Иако се идентификува единствен склоп на фашистички вредности, се прави разлика помеѓу идеите кои се развиле во фашистичка Италија, каде што најмногу се негувал идеалот на државата, и нацистичка Германија, каде се истакнувало значењето на расата. Меѓутоа, со тие разлики нема детално да се занимаваме во овој текст.
Идеологијата на фашизмот се развиваше во првата деценија на минатиот век. Фашизмот на некој начин е „чедо“ на ХХ век, бидејќи во него фашистичките идеи јасно се искристализирале и биле спроведени на историската сцена. Тие идеи доведоа до нешто што се смета за најмрачен период во човековата историја.
Германскиот филозоф Теодор Адорно рече дека „после холокаустот повеќе не може да се пишува поезија“, бидејќи како воопшто би можеле да поетизирате по сето она што се случило, и тоа во време кое се сметало за духовно најразвиено во историјата. „Сликата на прогресот на човековиот дух, каква што ја наследивме од крајот на 18 век, не се одржа пред глетките на ужасот и перверзијата на нацизмот.“ (Жилијар, 1999. стр. 24). Сите просветителски приказни паднаа во вода, бидејќи на светската сцена се покажа дека развојот и напредокот не мора секогаш да водат кон подобро.
Самиот термин фашизам влече корени од царскиот Рим кога со италијанскиот збор fasces, што значи сноп прачки од кои излегува остро сечило, се означувал авторитетот на магистратите. До крајот на ХIХ век, терминот фасциа во Италија се користел за одредени политички групи, главно од револуционерен карактер. Сѐ до фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини овој термин не попримил јасно идеолошко значење. Со терминот фашизам Мусолини означувал паравоени вооружени единици кои ги формирал во војната.
На политичката сцена фашистичките идеи дошле со посредство на политички партии кои победиле на демократските избори со јасен став за борба против модерниот начин на живот. Заговорниците на тие идеи сакале да ги ревитализираат традиционалните текови на живот, а истовремено не увиделе дека патот по кој тргнале е крајност која не смеела да се случи.
Поразувачки е што фашизмот не исчезнал со народното отфрлање, протестите или граѓанскиот отпор, туку со воен пораз. Фашизмот, односно неговата манифестација во одреден историски период, навистина е победен, меѓутоа, многу теоретирачари сметаат дека опасноста која ја носеше фашизмот и понатаму е присутна, бидејќи неговите корени се наоѓаат во човековата психологија и од тоа е невозможно да се побегне.
Длабоко во него препознаваме патријархални и елитистички идеи кои ја истакнуваат доминацијата на еден вид луѓе кои безусловно мора да владеат со светот и за таа власт се подготвени да се борат до крај. Таквите експанзионистички намери не можеле да бидат остварени, а ни осуетени, по ненасилен пат.
Фашистичките „идеи се засноваат на верувањето дека апсолутното водство и владеење на елитата е природно и пожелно. Човечките сушстества се раѓаат со радикално различни карактеристики и способности, што се гледа преку фактот дека оние со реткиот квалитет за водство преку борба се искачуваат над оние кои се способни да бидат само следбеници. Фашистите верувале дека општеството, општо земено, е составено од три вида луѓе. Прво и најважно, тука е врховниот, семоќниот водач кој поседува неспоредлив авторитет“ (Хејвуд, 2005, стр 232).
Во спроведување на овие идеи користени се методи кои доведоа до концентрациони логори, масовни прогони, убивање, и поради тоа сите кои учествувале во конструкцијата на фашизмот во ХХ век морале да бидат запрени. Меѓутоа, како што веќе забележавме порано, се поставува прашањето дали фашизмот е замолчен засекогаш?
Извор: 6yka.com
Слики: John Heartfield
Јас го препознавам фашизмот
Испратено на 14 мај 2012 од ВизенталЈас го препознавам фашизмот денеска во СДСМ.
- Нетолерантност кон туѓо мислење
- Расистички идеи дека само тие се вредни за правење држава и „интелектуализам“, а сите други се нижа раса
- Основање борбени одреди за избори
- Палење на Рајхстагот (фингираната војна) само за да дојдат на власт
- Ветување дека ќе јадат живи луже и дека ќе ги срамнат со земја спомениците од СК2014 ако дојдат на власт
Малку ли е?